Јуни 2023
Известување за предвремена исплата на пензии
6/26/2023Средствата по основ на пензии за месец јуни ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 27.06.2023 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 27.06.2023 година.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
27.06.2023г. (вторник)
28.06.2023г. (среда)
29.06.2023г. (четврток)
30.06.2023г. (петок)
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за нови локации на банкомати на ЦКБ
6/19/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека ЦКБ постави нови банкомати на следните локации:
- во објект на ул. Браќа Ѓиноски бр.1, влез 1, приземје, деловна просторија, Гостивар
- во објект на ул. Даме Груев бр.27А, приземје, деловна просторија (булевар Туристичка), Охрид
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Оглас за вработување
6/14/2023Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за картично работење - Скопје
Работниот однос е на определено време 6 месеци.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следниве работни активности:
∙ обработка на барања за издавање на картички и продажни места;
∙ подготовка на персонализирани картички;
∙ опслужување на корисници на картички;
∙ опслужување на експозитурите/филијалите за картичното работење;
∙ следење на работењето на банкоматите и продажните места;
∙ подготвување фајлови и размена на истите со процесинг центарот;
∙ комуникација со процесинг центарот;
∙ комуникација со меѓународни платежни институции MasterCard и Visa;
∙ следење на законска регулатива и регулатива на платежни институции;
∙ активно учество во проекти;
∙ информирање на својот претпоставен за сите активности и за други значајни проблеми од областа на работењето на организационата единица;
∙ поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
∙ изготвување редовни извештаи за своето работење до Раководителот на Службата, Управниот одбор и другите органи и одбори во динамика, форма, содржина и други податоци согласно законската и подзаконска регулатива, актите на Банката, одлуките на органите на Банката и задачите поставени од Раководителот на Службата, а во врска со сите работни процеси, работи и работни задачи во надлежноста на Службата.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- VII/1 степен - универзитетско образование
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Одлична примена на компјутерските програми за обработка на текст, табели, електронска пошта и интернет.
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство од областа на картичното работење
Избраниот кандидат треба да ги поседува следниве компетенции и вештини:
- Да умее да постави и одржува позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Прецизност;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 23.06.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Оглас за вработување
6/14/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува едно лице за работно место Секретар на Надзорен одбор во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Надзорниот одбор на Банката;
- Учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Собранијата на акционерите на Банката;
- Учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на другите органи на Банката , кога е потребно или по налог;
- Присуствува на седниците на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија и ги изготвува записниците ;
- Се грижи и одговара за уредно водење на деловодните книги и целокупната евиденција и го организира чувањето на документација од Надзорниот одбор на Банката, Одборот за ревизија, Собранијата на акционери др. органи на Банката кога е потребно или по налог;
- Соработува со останатите дирекции и/или организациони единици на Банката во работите кои се однесуваат или се поврзани во врска со работата на органите на Банката;
- Врши и други работни задачи поврзани со неговиот делокруг на работа дефиниран во Правилникот за систематизација
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации, вештини и способности:
- Високо стручно образование од областа на правни, филолошки и други општествени или економски науки;
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност:
- Одлично познавање и работа на MS Office;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Високо ниво на професионалност и дискретност;
- Самоиницијативност лојалност и одговорност во извршувањето на работните задачи;
- Способност за работа ефективно самостојно и како дел од тим, со одржување на добри меѓучовечки односи ;
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 23.06.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е до 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Оглас за вработување
6/13/2023Централна кооперативна банка АД Скопје вработува Соработник за банкарски услуги за правни лица во Дирекцијата за банкарски услуги за правни лица во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги содржи следниве активности:
- исполнување на поставени месечни и квартални цели поврзани со продажба на производите на банката наменети за правни лица;
- кредитна и финансиска анализа на примени барања за кредити;
- тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;
- извршување на теренски промотивни и продажни активности;
- координација и поддршка на продажната мрежа во промотивни и продажни активности;
- контрола на активности на продажната мрежа поврзани со продажби и промоции и сл.
Кандидатите треба да располагаат со високо образование од областа на економските науки, а избраниот кандидат треба да поседува:
- Развиени односи со деловни клиенти;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Самомотивираност и способност за самостојно работење;
- Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
- Добри аналитички способности и искуство во анализи на финансиски извештаи;
- Висок степен на прецизност;
- Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
- Добри комуникациски и продажни вештини;
- Способност за работа со утврдени временски рокови и однапред дефинирани таргети;
- Можност и афинитети за работа на терен;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 23.06.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации ќе бидат повикани на интервјуа кои ќе се одржат во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Најповолна каматна стапка за купување на Mazda автомобил
6/13/2023
Камата која важи за сите марки на автомобили кои се продаваат од Стар Моторс дооел Скопје, без оглед на тоа дали кредитобарателите платата ја примаат или не ја примаат преку сметка во Банката
4,40% фиксна каматна стапка за првите 3 години, за одобрени денарски кредити
5,20% променлива каматна стапка по истек на периодот со фиксна каматна стапка (референтна каматна стапка од 1,12% + 4,08% фиксен дел,важечка од 01.01.2023) или 4,80% променлива каматна стапка за целиот период, но не пониска од 4,80% (референтна каматна стапка од 1,12% + 3,68% фиксен дел,важечка од 01.01.2023)
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец мај
6/5/2023Средствата по основ на примања од социјални права за месец мај ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 06.06.2023 година (вторник).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 06.06.2023.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 06.06.2023 (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 07.06.2023 (среда) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за неработен ден
6/1/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Духовден, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум:
- 02.06.2023 година (петок).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Мај 2023
ИЗВЕСТУВАЊЕ за предвремена исплата на пензии
5/26/2023Средствата по основ на пензии за месец мај ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 29.05.2023 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 29.05.2023 година.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
29.05.2023г. (понеделник) 30.05.2023г. (вторник) 31.05.2023г. (среда) 01.06.2023г. (четврток)
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за неработен ден
5/23/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум:
- 24.05.2023 година (среда).
Со почит
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Оглас за вработување
5/23/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува едно лице на работно место Директор на Дирекција за информатичка технологија.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности а во врска со организирање, функционирање и раководење се однесуваат на:
- Администрирање на Windows сервери и пратечки сервиси (domain controller, DNS, Group policy, DHCP, Active Directory),
- Одржување и ажурирање на работни станици на Windows, Unix(AIX) и Linux оперативни системи;
- Одржување на виртуелната инфраструктура;
- Водење евиденција, набавка и грижа околу сервисирање на IT опремата;
- Администрација на Firewall-и, правила и spam филтри;
- VPN администрација;
- Конфигурира и изработува план за мрежна инфраструктура;
- Мониторинг на работата и перфомансите на серверите, уреди во мрежната инфраструктура, интернет, VPN конекција и други IT уреди и ажурирање на нивната техничка документација.
- Развој, имплементација и одржување на нови и постоечки IT сервиси;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки;
- Потребно работно искуство минимум од 2 години;
- Firewall Checkpoint, Cisco ASA
- Напредно познавање на Windows server OS, Microsoft services(AD, PowerShell, Exchange, MS SQL, Oracle, DNS , DHCP, …);
- Работно искуство со технлогиите за виртуализација ( VMware, Hyper-V,…)
- Познавање на комуникациските TCP/IP протоколи, FTP, SFTP, SSH, VPN и други;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност;
- Возачка довола;
- Познавање на англиски јазик.
За ова работнo места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 09.06.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa Business картички!
5/18/2023Одлични можности за вашето деловно работење со вашата ЦКБ Visa Business картичка.
На платформата за поддршка на малите претпријатија, Visa подготви сет алатки и специјални понуди за лесно почнување и промовирање на вашето работење.
Корисниците на ЦКБ Visa Business картичките можат да ги искористат понудите на партнерите под посебни услови.
За повеќе информации посетете го линкот: Use the benefits with Visa business cards | Visa (visasoutheasteurope.com)
Исто така, корисниците на ЦКБ Visa Business картички секогаш можат да добијат здравствени и правни совети од каде било во светот.
За повеќе информации посетете го линкот: Medical and Legal Support | Visa (visasoutheasteurope.com)
Покрај тоа, корисниците на ЦКБ Visa Business картичката секогаш можат да користат:- Осигурителна услуга во случаи на патување во странство- Lounge Key програма и да добиваат пристап во повеќе од 1.000 деловни зони во повеќе од 450 градови
За повеќе информации посетете го линкот: Понуди и привилегии | Visa (visasoutheasteurope.com)
Оглас за вработување
5/16/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД вработува лицe во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Стручен соработник – администратор на оперативни системи
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа)
Неделно работно време: понеделник – петок
Работен однос на неопределено време.
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Администрирање на Windows сервери и пратечки сервиси (domain controller, DNS, Group policy, DHCP, Active Directory),
- Одржување и ажурирање на работни станици на Windows, Unix(AIX) и Linux оперативни системи;
- Одржување на виртуелната инфраструктура;
- Водење евиденција, набавка и грижа околу сервисирање на IT опремата;
- Инсталирање, конфигурација и одржување на оперативни системи и системски продукти;
- Имплементација, организација, оптимизација на перформанси и справување со системски проблеми, оперативни системи и системските продукти;
- Следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на компјутерските системи и предлагање на промени и подобрувања;
- Превземање на мерки за обезбедување на достапност на системските сервиси (service uptime), работи на отстранување на проблемите и замена на делови;
- Врши надоградба на системот и софтверските пакети со нови верзии или тековните со отстранети недостатоци;
- Планирање и старателство на употребата на носителите на податоци;
- Изработка на безбедносни копии и обновување;
- Изработка на анализи и следење на работата на системските сервиси и информатичките системи;
- Координирање, следење и надзор на работните процеси на групата за хардвер и системски софвер;
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
- Мониторинг на работата и перформансите на серверите и ажурирање на нивната техничка документација;
- Развој, имплементација и одржување на нови и постоечки IT сервиси;
- Изработка на упатства, прирачници, процедури и стандарди;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки;
- Потребно работно искуство минимум од 2 години;
- Напредно познавање на Windows server OS, Microsoft services(AD, PowerShell, Exchange, MS SQL, Oracle, DNS , DHCP, …);
- Работно искуство со технлогиите за виртуализација ( VMware, Hyper-V,…)
- Mотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност;
- Возачка довола;
- Познавање на англиски јазик.
За ова работнo места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk во кое задолжително треба да наведете за кое работно место аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 31.05.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Оглас за вработување
5/16/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува едно лице на работно место Одговорен за сигурност на информативниот систем (ОСИС).
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Управува и ja организира сигурноста на информативниот систем на Банката;
- Се грижи за безбедноста на Банката во текот на 24 часа;
- Управува и го организира физичкото и техничкото обезбедување со цел заштита на клиентите, вработените и имотот на Банката;
- Предлага и организира активности и контроли за превенција и намалување на ризикот од инциденти и загрозување на безбедноста на Банката и штетни последици за Банката, вработените и клиентите;
- Одговорен за редовно информирање на надлежните органи на Банката за прашања поврзани со информативната сигурност;
- Соработува со државни и други органи;
- Зголемување на степенот на безбедносната култура на вработените;
- Одговорен за контрола на системите за техничка заштита и физичко обезбедување;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Високо стручно образование,Универзитетска диплома од областа на информатичките науки;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи;
- Познавање и искуство во техничко и физичко обезбедување;
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема;
- Познавање на релевантната законска регулатива;
- Одлично познавање на англиски јазик (вербално и писмено), како и напредно користење на MS Office;
- Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат како значајна предност;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Способност за работа под притисок;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Поседување возачка дозвола;
За ова работно место месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 31.05.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!
5/16/2023Плати ја твојата сметка на „Кликни јади“ со твојата ЦКБ Visa картичка и за било која сума повисока од 700 мкд добиј специјален попуст од 15%.
*Понудата важи до 30.06.2023 или до целосно искористување на средствата наменети за промоцијата.
Плаќајте преку интернет со Visa картички, брзо и безбедно.
За повеќе информации за сите понуди за online плаќање со Visa, посетете го линкот: The promotions in North Macedonia | Visa (visasoutheasteurope.com)
Оглас за вработување
5/12/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лицe на работно место Соработник за клиентска услуга во Охрид.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 22.05.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец април
5/3/2023Средствата по основ на примања од социјални права за месец април ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.05.2023 година (четврток).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 04.05.2023.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 04.05.2023 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 05.05.2023 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Април 2023
Оглас за вработување
4/28/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 10.05.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Известување за неработен ден
4/28/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на трудот, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум:
- 01.05.2023 (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ за промени во Тарифата на Банката со важност од 01.07.2023 година
4/28/2023Почитувани,
Ве известуваме дека Банката изврши измена на Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Централна кооперативна банка АД Скопје.
Надоместоците кои се променети и ќе започнат да се применуваат од 01.07.2023 година се следните:
Вид на услуга
Основица
Висина на
надоместок
Кредитен трансфер од правно лице преку МИПС
на износ до 100.000 ден.
налог
300,00 ден.
Кредитен трансфер од правно лице преку МИПС
на износ од 100.001 до 1.000.000 ден,
налог
300,00 ден.
Кредитен трансфер од правно лице преку МИПС
на износ над 1.000.000 ден.
налог
0,01% од износот
мин.300,00 ден
Кредитен трансфер од правно лице преку КИБС
на износ до 10.000 ден.
налог
50,00 ден.
Кредитен трансфер од правно лице преку КИБС
на износ од 10.001 до 50.000 ден.
налог
55,00 ден.
Кредитен трансфер од правно лице преку КИБС
на износ над 50.000 ден.
налог
55,00 ден
SWIFT – порака
фиксен
износ
350,00 ден
+ реален трошок
Одржување на девизна платежна сметка
на физички лица - резиденти
месец
30 ден.
за сметки кај кои во тековниот месец има долговен промет, освен промет по основ на депозитно работење
*Согласно Општите услови на Централна кооперативна банка АД Скопје за склучување рамковни договори за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги, кои се во важност од 01.01.2023 година, доколку Корисникот пред датумот на примена на промените не ја извести банката дека не се согласува со направените промени, односно не поднесе барање за раскинување на Договорот, се смета дека Корисникот е согласен со промените и дека ги прифаќа во целост.
Скопје, април 2023 година
Централна кооперативна ба
ИЗВЕСТУВАЊЕ за предвремена исплата на пензии
4/24/2023Средствата по основ на пензии за месец април ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 25.04.2023 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 25.04.2023 година.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
25.04.2023г. (вторник) 26.04.2023г. (среда) 27.04.2023г. (четврток) 28.04.2023г. (петок)
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за неработен ден
4/20/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод празникот Рамазан Бајрам, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на следниот датум:
- 21.04.2023 година (петок).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Известување за неработен ден
4/13/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојните Велигденски празници, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на следните датуми:
- 14.04.2023 (петок);
- 15.04.2023 (сабота) и;
- 17.04.2023 (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
ПРОМОТИВНО за корисниците на кредитни картички на ЦКБ
4/13/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека од 13.04. до 18.04.2023 год. подигнувањето на готовина со вашите ЦКБ кредитни картички за физички лица, на банкоматите на Банката – ќе биде без провизија!
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Оглас за вработување
4/11/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува едно лице на работно место Одговорен за сигурност на информативниот систем (ОСИС).
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Управува и ja организира сигурноста на информативниот систем на Банката;
- Се грижи за безбедноста на Банката во текот на 24 часа;
- Управува и го организира физичкото и техничкото обезбедување со цел заштита на клиентите, вработените и имотот на Банката;
- Предлага и организира активности и контроли за превенција и намалување на ризикот од инциденти и загрозување на безбедноста на Банката и штетни последици за Банката, вработените и клиентите;
- Одговорен за редовно информирање на надлежните органи на Банката за прашања поврзани со информативната сигурност;
- Соработува со државни и други органи;
- Зголемување на степенот на безбедносната култура на вработените;
- Одговорен за контрола на системите за техничка заштита и физичко обезбедување;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Високо стручно образование,Универзитетска диплома од областа на информатичките науки;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи;
- Познавање и искуство во техничко и физичко обезбедување;
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема;
- Познавање на релевантната законска регулатива;
- Одлично познавање на англиски јазик (вербално и писмено), како и напредно користење на MS Office;
- Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат како значајна предност;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Способност за работа под притисок;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Поседување возачка дозвола;
За ова работно место месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 17.04.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Промотивно за сите корисници на ЦКБ PREMIUM/BUSINESS MASTERCARD картички!
4/6/2023Со користење на World Debit Mastercard®, Mastercard® Gold и Mastercard® Business од ЦКБ станувате дел од ексклузивниот клуб на корисници на премиум картички од брендот Mastercard® со дополнителни бенефити.
Како корисник на ЦКБ World Debit Mastercard®, Mastercard® Gold или Mastercard® Business картичката, Банката Ви овозможува едноставен пристап за роаминг со инстант поврзување, каде и да патувате.
Бесплатен роаминг план 3 x 1GB за првите 3 x 5 последователни дена
15% попуст на сите пакети доколку ги активирате директно преку Flexiroam
Достапно во повеќе од 200 дестинации, преку пристап до над 580 телефонски провајдери
Регистрирајте ја вашата ЦКБ World Debit Mastercard®, Mastercard® Gold или Mastercard® Business картичка на следниот линк:Flexiroam Redemption
Апликацијата Mastercard® Global Data Roaming by Flexiroam можете да ја преземете бесплатно од Apple App Store за IOS уреди, односно Google Play Store за Android уреди.
*Програмата Mastercard® Global Data Roaming by Flexiroam е достапна од 01.03.20203 до 31.12.2023 година.
Промотивно за сите корисници на ЦКБ PREMIUM/BUSINESS MASTERCARD картички!
4/6/2023Со користење на World Debit Mastercard®, Mastercard® Gold и Mastercard® Business од ЦКБ станувате дел од ексклузивниот клуб на корисници на премиум картички од брендот Mastercard® со дополнителни бенефити.
Како корисник на ЦКБ World Debit Mastercard®, Mastercard® Gold или Mastercard® Business картичката, Банката Ви обезбедува дигитално решение за проблемот со чекање на аеродромите - Mastercard® Airport Security Fast Track.
Повеќе нема потреба да чекате во ред на повеќе од 70 аеродроми низ светот, затоа што брзата лента за движење ви е загарантирана со Mastercard® Airport Security Fast Track, услуга овозможена од Dragon Pass.
Погледнете ги цените за пристап и деталите за програмата на:Mastercard Travel Experiences - Home page
Апликацијата Mastercard® Travel Experiences можете да ја преземете бесплатно од Apple App Store за IOS уреди, односно Google Play Store за Android уреди.
Промотивно за сите корисници на ЦКБ PREMIUM/BUSINESS MASTERCARD картички!
4/6/2023Со користење на World Debit Mastercard®, Mastercard® Gold и Mastercard® Business од ЦКБ станувате дел од ексклузивниот клуб на корисници на премиум картички од брендот Mastercard® со дополнителни бенефити.
Како корисник на ЦКБ World Debit Mastercard®, Mastercard® Gold или Mastercard® Business картичката, Банката Ви овозможува членство во LoungeKey програмата односно пристап во над 1.100 деловни зони насекаде во светот, без разлика на изборот на авиокомпанија и класа. За да се користи услугата, потребно е само да ја имате со себе ЦКБ World Debit Mastercard®, Mastercard® Gold или Mastercard® Business картичката.
Се регистрирате на интернет страницата LoungeKey
Регистрацијата на картичката овозможува пристап во LoungeKey програмата, креирање на профил и листа на деловни зони.
LoungeKey апликацијата за мобилни уреди може да се преземе од Apple App Store за IOS уреди, односно Google Play Store за Android уреди.
Користејќи го своето LoungeKey корисничко име и лозинка (кое сте го креирале на интернет страната или директно во апликацијата), пристапувате до профилот каде има информации за LoungeKey зоните (пребарување на најблиска LoungeKey зона, работно време, опременост, кои услуги може да се користат).
За секоја посета на LoungeKey зона, Банката наплатува согласно Тарифникот на Mastercard.
Ексклузивна можност за бесплатен пристап и бесплатно користење на услугите во деловните зони (со World Debit Mastercard® заедно со уште еден гостин), на меѓународните аеродроми во Скопје, Виена, Белград, Истанбул и Софија.
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец март
4/5/2023Средствата по основ на примања од социјални права за месец март ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 06.04.2023 година (четврток).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 06.04.2023.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 06.04.2023 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 07.04.2023 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!
4/4/2023Нарачај од Paket.mk, плати со твојата зачувана ЦКБ Visa картичка и добиј 15% попуст на нарачка поголема од 2.000 мкд.
* Минималниот износ на кошничката за добивање на попустот е 2.000 мкд и не го вклучува износот на достава и надоместокот за избор на термини.
* Од попустот се изземени производите кои се веќе на попуст, доплатата за достава, терминот за достава и плаќањата извршени со пакет поени.
* Промотивниот период трае до 31.05.2023 или до истекот на средствата планирани за оваа промоција.