ЈАВЕН ПОВИК за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (29.05.2024)
Врз основа на член 384, став 1 и став 3, член 400, став 4 од Законот за трговските друштва; член 60, став 2 и член 69, став 2 од Статутот на Централна кооперативна банка АД Скопје, а согласно со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката бр. 0204-35 од 22.4.2024 година,
Централна кооперативна банка АД Скопје
ГИ ПОКАНУВА акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје да учествуваат на Годишното собрание на акционерите на Банката, кое ќе се одржи на 29.5.2024 година, со почеток во 11:00 часот, во седиштето на Банката во Скопје, ул. „1732“ бр. 2 Скопје – Центар.
За Собранието се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ:
1. Отворање на Собранието.
2. Верификација на учесниците.
3. Избор на:
- претседавач;
- бројачи на гласови.
4. Извештај на бројачите на гласови.
2. РАБОТЕН ДЕЛ:
1. Утврдување на работниот дел од Дневниот ред.
2. Разгледување на Записникот од Седницата на Вонредното собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје, ОДУ бр. 652/23, од 31.8.2023 година, на нотар Нада Палиќ од Скопје.
3. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2023 година, со
- Писмено мислење по истиот, изготвено од страна на Надзорниот одбор, и
- Одлука за усвојување на Годишниот извештај и на Мислењето од Надзорниот одбор.
4. Разгледување и усвојување на Годишната сметка на ЦКБ АД Скопје со состојба на 31.12.2023 година и на финансиските извештаи на Банката за 2023 година, со
- Одлука за усвојување на Годишната сметка и на финансиските извештаи.
5. Разгледување и донесување Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка во 2023 година.
6. Разгледување и усвојување на Извештајот на Друштвото РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на Централна кооперативна банка АД Скопје, изготвени за годината што завршува на 31.12.2023 година, со
- Писмено мислење од Надзорниот одбор за Извештајот на Друштвото за ревизија, и
- Одлука за усвојување на Извештајот на Друштвото РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје и на Мислењето од Надзорниот одбор.
7. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2023 година, со:
- Поединечна и колективна Оценка на соодветноста на членовите, и
- Одлука за усвојување на Извештајот на Надзорниот одбор.
8. Разгледување и донесување Oдлуки за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор на ЦКБ АД Скопје во 2023 година.
9. Разгледување и донесување Oдлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор на ЦКБ АД Скопје во 2023 година.
10. Разгледување и усвојување на Предлогот на Одборот за ревизија за назначување друштво за ревизија за 2024 година, одобрен од Надзорниот одбор со:
- Одлука за усвојување на Предлогот на Одборот за ревизија за назначување друштво за ревизија за 2024 година.
11. Разно.
Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на Седницата на Собранието.
Пријавата за учество на Собранието да се достави по писмен или по електронски пат до: Дирекција за правни работи на Централна кооперативна банка АД Скопје (контакт-телефон: 3249 302, факс-број: 3 249 303, е-mail: sobranie@ccbank.mk).
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред согласно со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин согласно со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски на горенаведените контакти. Обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ccbank.mk, преку делот „за нас“ и линкот „јавен повик - Годишно собрание, 29.5.2024 година“.
Согласно со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право по писмен пат да достават предлог за дополнување на Дневниот ред со вклучување нови точки при условите на член 390, став 4 од ЗТД, како и одлуки по точките од Дневниот ред најдоцна до 7.5.2024 година, до 14:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на интернет-страницата на Централна кооперативна банка АД Скопје www.ccbank.mk.
Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна до 28.5.2024 година, до 16:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ccbank.mk.
Акционерите можат да гласаат со испраќање пополнет образец за гласање по електронски пат, од денот на објавата на Јавниот повик, со презентирање документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Акционерите можат електронски да гласаат во периодот од 8.5.2024 година, од 12:00 часот, до 28.5.2024 година, до 16:00 часот. Обрасците за гласање по електронски пат и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ccbank.mk.
Акционерот кој гласал со кореспонденција или по пат на електронско гласање може лично да присуствува на Седницата на Собранието, но доколку акционерот сака лично да гласа на самата седница, мора писмено да го отповика гласањето со кореспонденција или по пат на електронско гласање најдоцна 48 часа пред одржувањето на Седницата. Доколку акционерот не достави писмено известување дека го отповикува гласањето, кое мора да биде примено во Банката најдоцна до 27.5.2024 година, до 11.00 часот, предвид ќе се земе гласањето со кореспонденција или по пат на електронско гласање.
Увид во материјалите од Дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавата на повикот за свикување Собрание, од 10 часот до 15 часот, во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје, на ул. „1732“, бр. 2 Скопје – Центар, во Дирекцијата за правни работи или на интернет-страницата на ЦКБ АД Скопје www.ccbank.mk преку делот „за нас“ и линкот „јавен повик - Годишно собрание, 29.5.2024 година“.
Централна кооперативна банка АД Скопје