ЈАВЕН ПОВИК за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 27.05.2026
ЈАВЕН ПОВИК
за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје
Врз основа на член 384, став 3, член 387, став 1 и став 3 од Законот за трговските друштва, член 60, став 1 и став 2 од Статутот на Централна кооперативна банка АД Скопје, а согласно со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката бр. 0204-31 од 20.4.2026 година,
Централна кооперативна банка АД Скопје
ГИ ПОКАНУВА акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје да учествуваат на Годишното собрание на акционерите на Банката, кое ќе се одржи на 27.5.2026 година, со почеток во 11:00 часот, во седиштето на Банката во Скопје, ул. „1732“ бр. 2, Скопје – Центар.
За Собранието се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ:
1. Отворање на Собранието;
2. Верификација на учесниците;
3. Избор на:
- претседавач,
- бројачи на гласови;
4. Извештај на бројачите на гласови.
2. РАБОТЕН ДЕЛ:
1. Утврдување на работниот дел од Дневниот ред.
2. Разгледување на Записникот од Седницата на Годишното собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје, ОДУ бр. 394/25, од 30.5.2025 година, на нотар Нада Палиќ од Скопје.
3. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2025 година, со
- Писмено мислење по истиот, изготвено од страна на Надзорниот одбор, и
- Предлог-oдлука за усвојување на Годишниот извештај и на Мислењето од Надзорниот одбор.
4. Разгледување и усвојување на Годишната сметка на ЦКБ АД Скопје со состојба на 31.12.2025 година и на финансиските извештаи на Банката за 2025 година, со
- Предлог-oдлука за усвојување на Годишната сметка и на финансиските извештаи.
5. Разгледување и донесување Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка во 2025 година.
6. Разгледување и усвојување на Извештајот на Друштвото „РСМ МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на Централна кооперативна банка АД Скопје, изготвени за годината, која што завршува на 31.12.2025 година, со
- Писмено мислење од Надзорниот одбор за Извештајот на Друштвото за ревизија, и
- Предлог-oдлука за усвојување на Извештајот на Друштвото „РСМ МАКЕДОНИЈА“ ДООЕЛ Скопје и на Мислењето од Надзорниот одбор.
7. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје во 2025 година, со:
- Поединечна и колективна оценка на соодветноста на членовите, и
- Предлог-oдлука за усвојување на Извештајот на Надзорниот одбор.
8. Разгледување и донесување одлуки за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор на ЦКБ АД Скопје во 2025 година.
9. Разгледување и донесување одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор на ЦКБ АД Скопје во 2025 година.
10.Разгледување и усвојување на предлогот на Одборот за ревизија за назначување друштво за ревизија за 2026 година, одобрен од Надзорниот одбор со:
- Предлог-одлука за усвојување на предлогот на Одборот за ревизија за назначување друштво за ревизија за 2026 година.
11. Разгледување и донесување на Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Централна кооперативна банка АД Скопје.
12. Разгледување и донесување на Одлука за промена на називот на адресата на седиштето на Централна кооперативна банка АД Скопје.
13.Разгледување и донесување на Одлука за повторно именување член на Надзорниот одбор.
14.Разгледување и донесување на Одлука за повторно именување член на Надзорниот одбор.
15. Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на ревидиран Кодекс за корпоративно управување.
16. Разно.
Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.
Секој акционер кој што има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (Пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието.
Пријавата за учество на Собранието да се достави по писмен или по електронски пат до: Дирекција за правни работи на Централна кооперативна банка АД Скопје (контакт-телефон: 3249 302, факс-број: 3 249 303, е-mail: sobranie@ccbank.mk).
Собранието ќе одлучува само за прашања, коишто се уредно ставени на дневен ред согласно со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно со статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно за коешто е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски на горенаведените контакти. Обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката: www.ccbank.mk, преку делот „за нас“ и линкот „јавен повик - Годишно собрание, 27.5.2026 година“.
Согласно со Законот за трговските друштва, акционерите, коишто поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право по писмен пат да достават пре длог за дополнување на дневниот ред со вклучување нови точки при условите на член 390, став 4 и став 5 од ЗТД, како што и да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките коишто се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на седницата на собранието на друштвото, најдоцна до 30.4.2026 година, до 14:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на интернет-страницата на Централна кооперативна банка АД Скопје: www.ccbank.mk.
Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој што во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна до 22.5.2026 година, до 16:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката: www.ccbank.mk.
Акционерите можат да гласаат со испраќање пополнет образец за гласање по електронски пат, од денот на објавата на Јавниот повик, со презентирање документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Акционерите можат електронски да гласаат во периодот од 22.5.2026 година, од 12:00 часот, до 25.5.2026 година, до 16:00 часот. Обрасците за гласање по електронски пат и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката: www.ccbank.mk.
Акционерот кој што гласал со кореспонденција или по пат на електронско гласање може лично да присуствува на седницата на Собранието, но доколку акционерот сака лично да гласа на самата седница, мора писмено да го отповика гласањето со кореспонденција или по пат на електронско гласање најдоцна 48 часа пред одржувањето на седницата. Доколку акционерот не достави писмено известување дека го отповикува гласањето, коешто мора да биде примено во Банката најдоцна до 22.5.2026 година, до 11.00 часот, предвид ќе се земе гласањето со кореспонденција или по пат на електронско гласање.
Увид во материјалите од дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавата на повикот за свикување собрание, од 10 часот до 15 часот, во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје, на ул. „1732“, бр. 2, Скопје – Центар, во Дирекцијата за правни работи или на интернет-страницата на ЦКБ АД Скопје: www.ccbank.mk преку делот „за нас“ и линкот „јавен повик - Годишно собрание, 27.5.2026 година“.
Централна кооперативна банка АД Скопје