Со задоволство Ве информираме дека апликацијата на Централна кооперативна банка АД Скопје за СЕПА кредитен трансфер шемата е прифатена од Европскиот совет за плаќања и Банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА Кредитен трансфер на 08.08.2025 година, со оперативна спремност од 06.10.2025 година.
СЕПА е иницијатива на Европската Унија што ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и владите поедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедни плаќања во евра, кон и од земјите членки на СЕПА.
Со приклучувањето кон СЕПА на клиентите им се овозможува да вршат и примаат плаќања во евра низ сите земји-членки на СЕПА, со истата ефикасност како и за домашните трансфери.
Централна кооперативна банка континуирано вложува во нови технологии и усогласување со европските стандарди кои го подобруваат корисничкото искуство на секој клиент.