ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (24.07.2024)
Врз основа на член 385, ставови 1 и 2 од Законот за трговските друштва и член 61, ставови 1 и 2 од Статутот на Централна кооперативна банка АД Скопје, а согласно со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката бр. 0204-68 од 17.6.2024 година
Централна кооперативна банка АД Скопје
ГИ ПОКАНУВА акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје да учествуваат на Вонредното собрание на акционерите на Банката, кое ќе се одржи на 24.07.2024 година, со почеток во 11:00 часот, во седиштето на Банката во Скопје, ул. „1732“ бр. 2 Скопје – Центар.
За Собранието се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ:
1. Отворање на Собранието.
2. Верификација на учесниците.
3. Избор на:
- претседавач;
- бројачи на гласови.
4. Извештај на бројачите на гласови.
2. РАБОТЕН ДЕЛ:
1. Утврдување на работниот дел од дневниот ред.
2. Разгледување на Записникот од Годишното собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје, ОДУ бр. 359/24, од 29.05.2024 година, на нотар Нада Палиќ од Скопје.
3. Разгледување и донесување Одлука за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност – конвертибилни обврзници по пат на приватна понуда.
4. Разгледување и донесување Одлука за условно зголемување на основна главнина на Банката со издавање на долгорочни должнички хартии од вредност – конвертибилни обврзници по пат на приватна понуда.
5. Разно.
Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието.
Пријавата за учество на Собранието да се достави до: Дирекција за правни работи на Централна кооперативна банка АД Скопје (контакт-телефон: 3249 302, факс број: 3 249 303 е-mail: sobranie@ccbank.mk).
Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред согласно со Статутот на Банката и со Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин согласно со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно за што е должен да ја извести Банката по писмен или електронски пат на горенаведените контакти. Обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ccbank.mk, преку делот „за нас“ и линкот „јавен повик - Вонредно собрание, 24.7.2024 година“.
Согласно со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право по писмен пат да достават предлог за дополнување на дневниот ред со вклучување нови точки при условите на член 390, став 4 од ЗТД, како и одлуки по точките вклучени во дневниот ред, при условите на член 390, став 5 од ЗТД, најдоцна до 27.6.2024 година, до 16:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на интернет-страницата на Централна кооперативна банка АД Скопје www.ccbank.mk.
Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 23.7.2024 година, до 16:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ccbank.mk.
Акционерите можат да гласаат со испраќање пополнет образец за гласање по електронски пат, од денот на објавата на Јавниот повик, со презентирање документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Акционерите можат електронски да гласаат во периодот од 28.6.2024 година, од 14:00 часот, до 23.7.2024 година, до 16:00 часот. Обрасците за гласање по електронски пат и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ccbank.mk.
Акционерот кој гласал со кореспонденција или по пат на електронско гласање може лично да присуствува на седницата на Собранието, но доколку акционерот сака лично да гласа на самата седница, мора писмено да го отповика гласањето со кореспонденција или по пат на електронско гласање најдоцна 48 часа пред одржувањето на седницата. Доколку акционерот не достави писмено известување дека го отповикува гласањето, кое мора да биде примено во Банката најдоцна до 22.7.2024 година, до 11.00 часот, предвид ќе се земе гласањето со кореспонденција или по пат на електронско гласање.
Увид во материјалите од дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавата на повикот за свикување Собрание, од 10 часот до 15 часот, во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје, на ул. „1732“, бр. 2 Скопје – Центар, во Дирекцијата за правни работи или на интернет-страницата на ЦКБ АД Скопје www.ccbank.mk преку делот „за нас“ и линкот „јавен повик - Вонредно собрание, 24.07.2024 година“.
Централна кооперативна банка АД Скопје