Платежни услуги со странство за правни лица - Резиденти
Платежни услуги со странство за правни лица - Резиденти
Отворање на платежна сметка во девизи
Правно лице-Резидент може да отвори една или повеќе платежни сметки во девизи во една или повеќе деловни банки во РС Македонија при што со Банката како давател на платежни услуги потпишува Рамковен договор за отворање и одржување на платежни сметки и користење на платежни услуги.
Пред воспоставување на деловен однос со клиентот, Банката врши негова идентификација согласно одредбите од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и Програмата на Банката за имплементација на мерките за заштита од спречување на перење пари и финансирање тероризам. За таа цел клиентот задолжително пополнува и соодветна Апликација. При отворање на платежната сметка во девизи задолжително е клиентот да има отворено и денарска платежна сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје.
За вршење работи на платежни услуги со странство, банката на барање на клиентот отвора платежна сметка во девизи, при што е потребно клиентот да ја достави и потпише следната документација:
Правно лице – Резидент:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (формулар од банката);
- Апликација за идентификација/ажурирање на овластени потписници и овластени лица (формулар од банката);
- Барање за отворање на платежна сметка (формулар од банката);
- Пријава за овластени лица на платежна сметк а(формулар од банката);
- Пријава за овластени потписници на платежна сметка (специмен-формулар од банката);
- Рамковен договор за отворање и одржување на платежна сметка (формулар од банката);
- Решение за упис во надлежниот регистар или кај друг надлежен орган (не постаро од 6 месеци) ако уписот во регистар е пропишан со закон; или
- Извадок од законски пропис ако корисникот е основан со закон; или
- Акт од надлежен орган, ако корисникот не е запишан во регистарот и не е основан со закон; или
- Решение од надлежен суд за отворање на стечајна/ликвидациона постапка, ако подносителот е клиент со отворена стечајна/ликвидациона постапка;
- Образец ЗП (заверен потпис на лице овластено за застапување);
- Фотокопија од важечка лична исправа на овластените лица и овластените потписници на платежната сметка;
- Изјава од одговорното лице за статус Резидент или Нерезидент, информираност за позитивните законски прописи во РСМ и за термините и условите за отворање и водење на платежна сметка за работа со странство (формулар од банката)
Наведената документација во оригинал (или фотокопија заверена на нотар) се доставува во најблиската експозитура на Банката.
Банката може да побара и друга документација доколку од доставената не може да се утврдат неопходните податоци за идентификација на клиентот или овластените лица при отворање на платежна сметка за работа со странство.
Што нуди платниот промет со странство
Централна кооперативна банка АД Скопје преку својот интегриран и софистициран систем со најсовремени технолошки решенија за сите свои клиенти-корисници на банкарски услуги овозможува брз, ефикасен и сигурен начин на сите наплати и плаќања ширум светот, применувајки стандардизирани меѓународни платни инструменти и користејќи ја притоа широката мрежа на кореспондентски финансиски односи со странски и домашни банки.
Централна кооперативна банка АД Скопје извршува режимски денарски и девизни кредитни трансфери во платежни услуги со странство за резиденти - домашни правни лица по основ на кредитни трансфери од странство /приливи/ од нерезиденти и резиденти и плаќања кон нерезиденти или резиденти со посредство на:
- SWIFT - Глобален сервис за пренос на сигурни финансиски трансакции;
- CCB Sofia,Bulgaria - за најефтини интерни девизни трансфери за клиенти на ЦКБ групација,
- BISERA 7 - за евтини и брзи трансфери во евра до EUR 50.000,00 за банки во/од Р.Бугарија,
- МИПС - за итни и големи плаќања во денари преку Народната банка на РСМ;
- КИБС - Клириншки интербанкарски систем - каде налогопримачот може да располага со средствата на крајот од тековниот ден;
- ЦКБ АД Скопје – за интерни трансфери помеѓу платежни сметки на корисници во Банката.
Кредитни трансфери од странство /приливи/
Кредитните трансфери од странство /приливи/ се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.
За да насочите кредитен трансфер од странство /прилив/ на вашата платежна сметка, неопходно е да го известите праќачот со следните податоци:
- Central Cooperative Bank AD Skopje;
- SWIFT BIC CODE: CECBMK22;
- Вашиот IBAN број на платежната сметка;
- Вашиот назив/име и презиме и целосна адреса.
Депонираните средства по основ на кредитни трансфери од странство /приливи / можат слободно и неограничено да останат на платежната сметка или да се користат за плаќања кон нерезиденти, за службени патувања во странство на вработени, за сопствени трансфери на сметка или за продажба на истите на девизниот пазар.
Внесувањето на ефективни странски пари или наплатата во ефективни странски пари на девизна сметка на домашното правно лице во банката се смета за режимска трансакција и се врши во рок од два работни дена од денот на приемот на ефективните странски пари на девизната благајна на домашното правно лице. Клиентот поднесува до банката соодветна документација согласно важечките законски прописи во државата.
Kредитните трансфери од странство /приливи/ се реализираат во текот на работниот ден од 08:00 часот до 16:00 часот.
Инкасо-лоро наплата означува девизна наплата од странство по основ на извозни документи на домашното или странско правно лице презентирани до странска банка на ино-партнерот за наплата (најчесто се работи за транспортни документи или стоки и услуги). Инструментот најчесто се користи кај долгорочни репетитивни меѓународни наплати/плаќања за добро познати ино-партнери. Овој инструмент се регулира со Еднообразни правила и обичаи за документарна наплата – ICC Paris (МТК 522).
Лоро акредитиви - иструментот преставува неотповиклива наплата на девизно побарување од ино партнерот по основ на продадена стока или извршена услуга, во случаи кога договорените акредитивни услови во целост се испочитувани. Инструменотот е најпогоден за наплата на девизно побарување кога ино-партнерот е непознат.
Овој инструмент е регулиран со Еднообразни правила и обичаи за документарни работи по акредитиви и гаранции – ICC Paris (UCP 600)
Услови за добивање на инструментот:
- отворена активна девизна и денарска платежна сметка;
- фактура, проформа фактура или договор.
Банката врши прием на акредитивот преку SWIFT, го проследува до корисникот и по негово одобрување заедно со потребната документација поднесува барање за наплата на средствата до банката издавач.
Лоро гаранции – продуктот значи неотповиклива наплата на девизно побарување од ино-партнерот по основ на продадена стока или извршена услуга, во случаи кога договорените гаранциски услови во целост се испочитувани. Инструменотот е најпогоден за наплата на девизно побарување, кога ино-партнерот е непознат.
Овој продукт е регулиран согласно еднообразните правила и обичаи за документарни работи по акредитиви и гаранции – ICC Paris (URDG) 2010 revision, ICC Publication No. 758.
Услови за добивање на продуктот:
- отворена активна девизна и денарска платежна сметка;
- фактура, проформа фактура или договор.
Банката врши прием на гаранцијата преку SWIFT или непосредно во оригинал, ја проследува до корисникот и по негово одобрување заедно со потребната документација поднесува барање до банката гарант за наплата на средствата.
Кредитен трансфер во денари - банката ги извршува наплатите во денари по налог на нерезиденти - клиенти на банката или по налог на нерезиденти од платежни сметки во денари отворени кај друг давател на платежни услуги /домашна банка/ а во корист на платежни сметки на резиденти-клиенти на банката по основ на:
- извршен извоз на стоки и услуги;
- побарувања од нерезиденти со соодветна документација.
Кредитните трансфери во денари се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги во земјата.
Кредитни трансфери во странство /дознаки/
Кредитните трансфери во девизи - /дознаки/ или прекугранични трансфери се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.
Плаќачот – резидент правно лице го пополнува платниот налог за извршување кредитен трансфер со странство со назначување на задолжителните елементи на платниот налог и е одговорен за настанатите последици од неправилното пополнување.
Платниот налог за извршување кредитен трансфер со странство задолжително ги содржи следниве податоци:
- наименување на давателот на платежните услуги до кој е назначен платниот налог;
- наименување на плаќачот;
- број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на плаќачот;
- наименување на примачот;
- број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на примачот;
- износ на кредитниот трансфер;
- валута на кредитниот трансфер;
- датум на (валута) извршување;
- опис на плаќањето;
- дополнителни појаснувања за плаќањето;
- назив на платниот систем;
- датум на поднесување;
- потпис на плаќачот;
- идентификациска ознака SWIFT/BIC на давателот на платежните услуги на примачот;
- назначување на корисникот на платежните услуги којшто ги плаќа надоместоците за извршување на кредитниот трансфер;
- назначување на резидентноста на плаќачот;
- назначување на резидентноста на примачот.
Според стандарите на SWIFT дефинирани се три опции за плаќање на надоместоците за извршување на кредитниот трансфер со странство /дознаки/, по налог на плаќачот од сметката во ЦКБ АД Скопје:
- OUR - сите банкарски провизии се на сметка на плаќачот. Во оваа опција се вклучени провизиите на банката на плаќачот, на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот;
- SHA - провизијата на банката на плаќачот се на сметка на плаќачот, провизијата на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот се на сметка на примачот.
- BEN - сите банкарски провизии се на сметка на примачот. Во оваа опција банката на плаќачот си ја наплаќа провизијата од износот на дознаката.
Провизиите кои што ЦКБ АД Скопје ги наплатува се согласно важечката Тарифа на надоместоци.
Кредитните трансфери со странство /дознаки/ кон други сметки кај други даватели на платежни услуги /странски или домашни банки/ се извршуваат со поднесување на:
- уредно пополнет и потпишан налог за извршување на кредитен трансфер за платежни трансакции со странство;
- обезбедено покритие и провизија за плаќањето;
- пропратна документација за соодветното плаќање согласно важечката законска регулатива.
Кредитните трансфери со странство (ностро дознаки) се извршуваат согласно Терминскиот план за платежни услуги.
Повлекување на ефективни странски пари /девизи во готово/ може да се врши единствено по основ на аконтација за службен пат во странство или по основ на експлотациони трошоци. Повлекување на ефективни странски пари од девизна платежна сметка на домашно правно лице се извршуваат во периодот од 08:00 до 16:00 часот со валута со тековниот работен ден во секоја експозитура на банката со уредно пополнет и потпишан налог од корисникот на сметката.
Инкасо – Ностро плаќање/дознака - означува кредитен трансфер со странство по основ на увозни документи презентирани од странската банка на ино-партнерот со обврска за плаќање кон истиот- (најчесто се работи за транспортни документи или стоки и услуги). Инструментот се користи кај долгорочни репетитивни меѓународни плаќања за добро познати ино-партнери. Овој инструмент се регулира со еднообразни правила и обичаи за документарна наплата – ICC Paris (МТК 522).
Ностро акредитиви - инструментот преставува неотповиклива обврска за плаќање во девизи на ино-партнерот (нерезидент), по основ на купена стока или извршена услуга во случаи кога договорените акредитивни услови во целост се испочитувани. Инструментот е најпогоден за плаќање на девизна обврска кон Ино партнер-Нерезидент кога е непознат.
Овој инструмент е регулиран во согласнот со рднообразните правила и обичаи за документарни работи по акредитиви и гаранции – ICC Paris (UCP 600)
Услови за добивање на инструментот:
- Отворена и активна девизна и денарска платежна сметка;
- Фактура, проформа фактура или договор;
- Барање за отварање на акредитив кон нерезидент;
- Согласност добиена од Кредитниот одбор и УО на Банката по основ обезбедување.
Ностро гаранции – овој продукт означува неотповиклива обврска за плаќање во девизи на ино-партнерот (нерезидент), по основ на купена стока или извршена услуга во случаи кога договорените гаранциски услови во целост се испочитувани. Инструменотот е најпогоден за плаќање на девизна обврска кон ино партнер-нерезидент кога е непознат.
Овој продукт е регулиран согласно еднообразните правила и обичаи за документарни работи по акредитиви и гаранции – ICC Paris (URDG) 2010 revision, ICC Publication No. 758.
Банката врши издавање и авизирање на следните видови девизни гаранции:
- Платежни гаранции,
- Авансни гаранции,
- Тендерски гаранциии,
- Чинидбени гаранции,
- Други видови гаранции.
Услови за добивање на продуктот:
- Отворена и активна девизна и денарска платежна сметка;
- Фактура, проформа фактура или договор;
- Барање за отворање на гаранција кон нерезидент;
- Согласност добиена од Кредитниот одбор и УО на Банката по основ на обезбедување.
Кредитни трансфери во денари од резидент кон нерезидент - Банката извршува кредитни трансфери во денари во корист на денарски платежни сметки на Нерезиденти отворени во банката или кај друг давател на платежни услуги во земјата по налог на Резидент- клиент на банката по основ на:
- извршен увоз на стоки и услуги;
- други обврски според приложена соодветна документација;
- уредно пополнет и потпишан налог за кредитен трансфер кон нерезидент.
Кредитните трансфери во денари се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги во земјата.
Дополнителни информации за платежните услуги со странство може да се добијат во сите Експозитури/Филијали на банката и/или по телефон или електронска пошта.
Контакт информации:
Телефон: (00 389 2) 3249 371, 3249 395
e-mail: pps@ccbank.mk