Visa Business – кредитна картичка
Visa Business - кредитна картичка
Карактеристики и поволности
- Картичката Visa Business на Централна кооперативна банка овозможува едноставно, брзо и сигурно бесконтактно плаќање (секоја трансакција до 2.500 денари можете да ја направите со доближување на картичката до ПОС терминалот и плаќањето ќе биде завршено за неколку секунди, без внесување на ПИН код или потпишување потврда)
- Картичката е со чип-технологија и истовремено може да се користи и како контактна картичка, Ви нуди помал ризик, поголема сигурност, поголема ефективност, поголема заштита и побрзи трансакции;
- Картичката може да се користи секаде во светот каде е означено логото на Visa, за подигнување готовина и плаќање во трговија, на над 1 800 000 банкомати и над 24 000 000 продажни места во 200 држави
- Можност за дополнителни картички
- Без провизија може да плаќате на сите продажни места
- Без надомест за издавање на картичката
- Без месечен надомест за првата година од користењето на картичката
- Барател на деловна кредитна картичка може да е секое правно лице, резидент со сметка во банката преку која извршува платен промет не помалку од 6 месеци.
- Корисник на деловна кредитна картичка се физички лица за кои барателот - правното лице, има поднесено барање за издавање на картичка.
- Потребни документи за Visa Business: пополнето барање од барателот и корисникот, копија од лична карта од овластеното лице и корисникот/ците, тековна состојба, ЗП Образец, завршна сметка за последната година, заклучен лист.
- Обезбедување: меница од 500 мкд од правното лице со менична изјава, полномошно-овластување за повлекување на средства од основната платежна сметка на правното лице.
Услови
- Кредитен лимит: во зависност од бонитетот на правното лице.
- Минимален износ за плаќање: 10% од вкупното задолжување, не помалку од 200 МКД;
- Рок за плаќање: последен ден во следниот месец;
- Грејс период; до 60 дена за сите трансакции, при целосна уплата на вкупниот долг;
- Каматна стапка: 11,59% годишно;**
- Казнена камата: 16% годишно, на неплатениот доспеан долг;
* Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување/жирант.
** Променлива каматна стапка дефинирана како збир на референтна каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула објавена на интернет страната на НБРСМ www.nbrm.mk и која изнесува 2,33% и фиксен додаток од 9,26%. Доколку редовната каматна стапка е повисока од стапката на законската казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е 16% на годишно ниво.
Е-mail: cards@ccbank.mk Дополнителни информации:
Телефони: (02) 3249 341 / (02) 3249 343 / (02) 3249 322
Во случај Вашата картичка да е украдена или изгубена, неопходно е веднаш да се јавите за да ја блокирате:
- во работно време во Банката на наведените телефони или во нашите експозитури;
- 24 часа во контакт центарот на Casys на тел. (02) 3293 888
Совети за безбедно користење на картичките:
- Картичката задолжително да се потпише при подигнување;
- Избегнување на поставување на високи дневните лимити;
- ПИН кодот да не се запишува или кажува (го знае исклучиво корисникот на картичката);
- Кога се внесува ПИН-от (на банкомат или ПОС), корисникот треба да биде сигурен дека никој во близина не може да го види;
- Кога се плаќа со картичката задолжително трансакцијата да се изврши пред корисникот, а не продавачот да ја земе картичката и да ја направи трансакцијата на друго место (со образложение ПОС терминалот е на друго место);
- На интернет да се користи исклучиво на проверени сајтови (да се провери дали интернет адресата започнува со https:// наместо со http://) и никогаш не треба да се внесува ПИН-от туку 3 цифрениот број на позадината на картичката;
- Доколку се прави нарачка да се проверат сите услови на продажбата и дали има дополнителни трошоци (поради откажување, царина, данок, месечен надомест...);
- Кражба на лични податоци: давање на лични податоци (име и презиме, ЕМБГ, број на лична карта/пасош, адреса...) на неовластени лица кои можат да ги искористат и злоупотребат);
- Доколку корисникот се сомнева за можна злоупотреба, картичката веднаш да се блокира или да се побара реиздавање, а за трансакциите да се пополни Изјава за оспорување на трансакции;
- При користење на картичката на банкомати на Банката како и на банкомати на други Банки, корисниците да внимаваат на можноста од поставување на skimming уреди. Во Прилог Упатство за заштита од skimming напади на банкомати;
- Активирајте ја услугата СМС известување и добивајте СМС пораки за секоја направена трансакција со што може да спречите повеќе последователни злоупотреби со картичката.