Овој пакет е наменет за пензионери и вклучува потрошувачки кредит, овердрафт и кредитна картичка. Клиентот може да избере еден или неколку од наведените кредитни производи, доколку барателот ги исполнува условите за приходите поставени од Банката.
Износ на кредитот:
- Mинималниот износ на кредитот за пензионери е 10 000 мкд
- Максимален износ до: 1 200 000 МКД за пензионери кои имале бенифициран работен стаж, при максимална возраст до отплата на кредитот од 68 години и до 900,000 МКД за други пензионери. Кредитната изложеност не може да е повисока повеќе од 35 месечни нето пензии за кредит и 4 пензии за картични продукти
- Пензионери со навршени 74 години не смеат да имаат вкупен лимит по картични продукти поголем од нивната пензија.
Рок на користење:
- Максимален рок до 84 месеци
- Датумот на последната рата од кредитот мора да биде пред навршување на 72 година на кредитобарателот.
За приматели на пензии преку Банката, односно за пензионери кои потпишале изјава дека во рок од 90 дена од исплатата на кредитот ќе го префрлат приемот на пензијата преку банката :
6,00% променлива каматна стапка (референтна каматна стапка од 2,73% + 3,27% фиксен дел), - кредит одобрен во денари, без девизна клаузула и со рок на кредитот до 12 месеци
6,50% променлива каматна стапка (референтна каматна стапка од 2,73% + 3,77% фиксен дел) - кредит одобрен во денари, без девизна клаузула и со рок на кредитот од 12 до 36 месеци
7,00% променлива каматна стапка (референтна каматна стапка од 2,73% + 4,27% фиксен дел) - кредит одобрен во денари, без девизна клаузула и со рок на кредитот над 36 месеци
* Преглед на референтни каматни стапки
7,93% за кредит во износ од 100 000 МКД, со рок на враќање 36 месеци со камата 6,50%
7,71% за кредит во износ од 500 000 МКД, со рок на враќање 60 месеци со камата 7,00%