Овој кредит е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на Банката, државни службеници согласно со Законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиската полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во Банката. Вработените на определено во континуитет најмалку 24 месеци пред аплицирање. Исто така, кредитот е наменет за сите резиденти со статус пензионери.
Максимален износ на кредитот - До 180 000 МКД, но не повеќе од 10 нето месечни приходи
Преддефиниран износ на кредитот:
- 20 000 МКД
- 30 000 МКД
- 40 000 МКД
- 50 000 МКД
- 75 000 МКД
- 100 000 МКД
- 125 000 МКД
- 150 000 МКД
- 180 000 МКД
Рок на искористување - Преддефинирани рокови:
- До 12 месеци
- до 18 месеци
Бескаматниот кредит можете да го одберете доколку:
- сте во редовен работен однос на неопределено време;
- имате работен стаж во фирмата најмалку 6 месеци пред поднесување на барањето за кредит;
- сте вработен на определено во континуитет најмалку 24 месеци пред аплицирање;
- месечниот ануитет заедно со сите други задршки по кредити не смее да биде повисок од 50% од месечните приходи на кредитобарателот