Електронско банкарство CCB Online
Електронско банкарство – CCB Online
Системот за Електронско банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје (понатаму ЕБ), е информативно-финансиски сервис на Банката кој на корисникот му овозможува 24 часа ефикасен, флексибилен и едноставен начин на пристап до информациите за состојбата на своите сметки во реално време, реализација на потребните финансиски трансакции како и праќање и прием на електронски пораки во секојдневната комуникација со Банката, од својот компјутер дома или во канцеларија, насекаде во светот без инсталација на дополнителен софтвер.
Опсег на услуги
Банката во својот систем за ЕБ нуди определен опсег на услуги кои корисникот ги прифаќа со потпишувањето на Договорот, и тоа:
1. Информативен сервис
- информација за приливите и одливите преку сметките во текот на денот;
- изводи на платежните и депозитните сметки за изминати денови;
- преглед на девизните курсеви;
- договарање на курс за купопродажба на девизни средства;
- прием и праќање на електронски пораки;
- промена на начинот на користење, права, лимити или сметки за услугите поврзани со Електронското и Мобилното банкарство во согласност со важечките акти на деловната политика на Банката;
- привремена блокада на мобилниот уред од кој пристапува, доколку е корисник и на апликацијата за Мобилно банкарство.
2. Финансиски сервис
- платежни трансакции, односно кредитни трансфери кон сметки во рамките на Банката, како и плаќања кон иматели на сметки кај други даватели на платежни услуги преку системот на КИБС и системот на МИПС (итни плаќања);
- платежни трансакции, односно кредитни трансфери кон Трезорската сметка и сметката на Фондот за здравствено осигурување на РСМ;
- платни налози за интегрирана исплата на плати, односно превземање на фолио број и реализација на трансакциите за исплата на плата и придонеси од плата;
- платни налози за масовни/групни плаќања, односно плаќања од еден плаќач кон повеќе примачи, по повеќе основи;
- налози за купување и продажба на девизни средства, согласно важечката регулатива и правилата на Банката, вклучувајќи и договарање на курс;
- иницирање платни налози за девизни плаќања кон сметки во Банката (интерни девизни плаќања) согласно важечката регулатива и правилата на Банката; и
- иницирање платни налози за девизни плаќања кон сметки во други банки во РСМ и кон странство, преку системите на МИПС/ТАРГЕТ2 или SWIFT, согласно важечката регулатива и правилата на Банката.
Дигитален сертификат за електронско потпишување
За верификација - потпишување на трансакциите и електронските пораки преку системот за Електронско банкарство, се користи дигитален сертификат, кој е единствен и достапен само за Корисникот односно лицето овластено за електронско потпишување.
Сертификатот е валиден само доколку Корисникот склучи Договор за користење на информативно-финансискиот сервис.
За користење на информативно-финансискиот сервис, Банката преку својата интернет страна во делот за регистрација на Корисникот овозможува генерирање на дигитален сертификат.
Генерирањето на дигиталните сертификати во име и за сметка на Корисници физички лица, го врши Банката.
Генерирањето на дигиталните сертификати во име на физички лица како Корисници кај правни лица, а за сметка на правните лица, го врши Банката.
Дигиталните сертификати генерирани преку интернет страната на Банката може да се користат исклучиво за меѓусебна комуникација помеѓу Корисникот и Банката.
Банката може да прифати и сертификати издадени од друг овластен издавач на квалификувани дигитални сертификати, КИБС АД Скопје.
Предности на Електронското банкарство
Системот за Електронско банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје овозможува сигурен и едноставен пристап до информациите за состојбата на Вашите сметки во реално време, 24 часа 7 дена неделно, реализација на финансиските трансакции од вашиот компјутер дома или во канцеларија насекаде во светот без при тоа да се инсталира дополнителен софтвер, како и праќање и прием на електронски пораки во секојдневната комуникација со Банката.
- Сигурност – ccbonline е систем за електронско банкарство каде се користи најсовремена технологија на заштита на податоците. Сите податоци кои се разменуваат се во криптирана форма и истите се достапни само на оној на кого се однесуваат.
- Намалени трошоци – вклучувањето на системот за ЕБ, добивањето на сертификат и користењето на информативниот дел на системот е без надомест, а налозите извршени преку ЕБ се со значително помали цени од налозите доставени на хартија во Банката.
- Заштеда на време – можноста да ги добиете потребните информации за прометот и состојбата на вашите сметки, извршување на трансакции како и праќање на електронски пораки без при тоа да доаѓате на шалтерите на Банката, значи заштеда на вашето драгоцено време и можност повеќе да се посветите на вашиот бизнис.
Склучување на Договор
Корисник на ЕБ може да стане правно или физичко лице кое во Банката има отворено денарска платежна сметка, ги прифаќа Општите услови на ЦКБ АД Скопје за склучување рамковни договори за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги, поднесе Барање и потпише Договор за користење на системот за електронско банкарство..
Корисникот може да почне да го користи системот за ЕБ откако ќе потпише Договор за користење на системот за електронско банкарство.
Барањето и Договорот правното или физичкото лице може да ги превземе на оваа страна најдолу.
Наплата на надоместоци
Корисникот е согласен надоместоците за услугите за користење на системот за ЕБ, Банката да ги наплатува автоматски од неговите сметки согласно Одлуката за Тарифата на надоместоци на Банката.
Технички услови за вклучување на ЕБ
Корисникот е должен на свој трошок да обезбеди персонален компјутер со оперативен систем MS Windows со инсталиран интернет прелистувач преку кој ќе пристапува кон системот за Електронско банкарство, како и да обезбеди интернет пристап.
Информации на тел. 02/3249-361, 02/3249-340, 02/3249-371,
Техничка поддршка на тел. 02/3249-331
ibank@ccbank.mk