Стандарден потрошувачки кредит
ПРОМОТИВНО ДЕКЕМВРИ 2024
- Без провизија за обработка за сите апликации
- 5,80% фиксна каматна стапка за првата година, при користење на ризико полиса
- 5,90% фиксна каматна стапка за првата година за сите останати случаи
- 6,00% променлива каматна стапка по истекот на периодот со фиксна каматна стапка при користење на ризико полиса
- 6,90% променлива каматна стапка по истекот на периодот со фиксна каматна стапка за сите останати случаи
- 0,60% управувачка провизија само за првиот месец, додека за следните месеци не се наплаќа. Во случај кредитот да се затвори предвреме во периодот со фиксна каматна стапка или првите 12 месеци, Банката го задржува правото да го наплати и преостанатиот дел од управувачката провизија
- 50% од предвидената промо управувачка провизија за кредити со ризико полиса
НАМЕНА И ПАРАМЕТРИ НА КРЕДИТОТ
Овој кредит е наменет за лица вработени во приватни фирми на неопределено работно време, односно лица вработени со договор за вработување на определено време најмалку 12 месеци во континуитет.
Вкупните месечни обврски по кредити и картички, вклучувајќи ја тука и новата изложеност не смеат да надминуваат ½ од месечните приходи.
Износ на кредитот:
- До 750 000 МКД (не повеќе од 40 нето месечни плати, вклучително и до 34 нето плати за кредит и 6 нето плати за картични производи) - за клиенти вработени во приватни фирми
- Максимален износ до 1 300 000 МКД, но не повеќе од 50 нето месечни плати, од кои до 45 нето плати за кредит и максимум до 10 нето плати за картични производи, за вработени во фирми одредени и оценети од УО на Банката како соодветни.
Рок на кредитот - До 95 месеци
РЕДОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ
За кредитобаратели кои веќе ја примаат платата на сметка во Банката или ќе изјават дека во рок од 90 дена ќе го префрлат примањето на плата на сметка во Банката
|
За кредитобаратели кои платата не ја примаат на сметка во Банката
|
Каматни стапки:
- 5.90% фиксна каматна стапка за првата година за сите кредитобаратели кои се вработени во фирми одредени од Управниот одбор на Банката. По истекот на првата година, променливата каматна стапка за сите погоренаведени изнесува 6,90% (референтна каматна стапка од 2,33% + 4,57% фиксен дел).
- 6.10% фиксна каматна стапка за првата година за сите други кредитобаратели. По истекот на првата година, променливата каматна стапка за сите погоренаведени изнесува 7,25% согласно методологијата на банката (референтна каматна стапка од 2,33% + 4,92% фиксен дел).
|
- 7,50% променлива каматана стапка (референтна каматна стапка од 2,33% + 5,17% фиксен дел, важечка од 01.01.2024)
|
* Преглед на референтни каматни стапки
РЕДОВНИ ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ
- 1500 мкд провизија за аплицирање
- 1,25% провизија за обработка еднократно
- 0,50% провизија за обработка при рефинансирање на кредитни изложености со повеќе од 50% од кредитот
- 1,50% управувачка провизија за првиот месец и 0,01% за секој нареден месец
Останати трошоци
- 900 МКД за промена на амортизациониот план по барање на клиентот
- 200 МКД провизија за известување за секој неплатен долг
- трошоци за меница
- трошоци за интеркаларна камата
СТАПКА НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ
СВТ при промотивни услови:
6,31% - за кредит во износ од 600 000 МКД, со рок на враќање од 95 месеци со фиксна каматна стапка од 5,80% за првата година, а потоа 6,00% променлива каматна стапка. Вкупните трошоци ќе изнесуваат 157.950 мкд.
*При винкулација на ризико осигурување во корист на Банката
СВТ при редовни услови:
7,34% - за кредит во износ од 600 000 МКД, со рок на враќање од 95 месеци со фиксна каматна стапка од 5,90% за првата година, а потоа 6,90% променлива каматна стапка. Вкупните трошоци ќе изнесуваат 184 016 мкд.
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Обезбедување:
- Без жиранти до износ на кредит од 1 300 000 МКД за сопственици и управители на фирми со над 5 вработени кои што бележат добивка од работењето, при што во случај на одобрување на кредитот меницата треба да биде авалирана и од фирмата.
- Без жиранти до износ на кредит од 1 200 000 МКД, за кредитокорисници вработени кај работодавачи преддфинирани од УО, со плати над 45 000 мкд, во случаи кога месечните задршки на кредитобарателот по сите основи, не надминуваат ½ од неговите вкупни месечни приходи. Истиот износ важи и за сопственици и управители на фирми со плата над 45 000 мкд и со над 20 вработени, при што во случај на одобрување на кредитот, меницата треба да биде авалирана и од фирмата. За сите други случаи, потребен е најмалку еден кредитоспособен жирант.
- Без жиранти до 750 000 МКД, за кредитобаратели кои имаат плата над 23 000 МКД, кои не се вработени во фирми одредени од Управниот одбор на Банката, а коишто ги исполнуваат зададените кумулативни услови*. За кредити со износи над наведениот, потребен е најмалку еден кредитоспособен жирант
- Без жиранти до 400,000 МКД, за кредитобаратели со плата до 23 000 МКД и кои се вработени во приватни фирми кои не се одредени од Управниот одбор на Банката, а коишто ги исполнуваат зададените кумулативни услови*. За кредити со износи над наведениот, потребен е најмалку еден кредитоспособен жирант
- До 300 000 МКД со еден жирант (за сите оние кои не примаат плата во ЦКБ)
- Над 300 000 МКД со двајца жиранти (за сите оние кои не примаат плата во ЦКБ)
* Кумулативни услови за одобрување на кредити без жиранти: максимален рок на кредитот до 95 месеци, месечен ануитет не повисок од ½ од месечните приходи на кредитобарателот, чиста кредитна историја во последните 12 месеци, фирмата во која се вработени да постои минимум 2 години и да има годишен промет не помал од 1 000 000 мкд
Потребни документи:
За кредитобарател:
- Барање за кредит
- фотокопија од важечка лична исправа (лична карта пасош)
- меница и менична изјава
- Потврда за редовен работен однос и просекот на плата за последните 6 месеци за кредитокорисникот и М1,М2 за лица кои не се коминтенти на Банката
- за приватни фирми рекапитулар за платени плати и придонеси за последните 6 месеци или извод од трансакциска сметка
- административна забрана на плата за кредитокорисникот
За жиранти:
- фотокопија од важечка лична исправа (лична карта, пасош)
- потврда за редовен работен однос и просекот на плата за последните 6 месеци за жирантот/жирантите
- административна забрана на плата за жирантот/жирантите
ЕКСПОЗИТУРИ