Депозит по видување
Општи услови за работење со депозити на физички лица (со важност од 01.07.2019 година)
Име на производот
|
ЦКБ ДЕПОЗИТ ПО ВИДУВАЊЕ
|
Целна група на клиенти
|
Физички лица
|
Намена на депозитот
|
Краткорочно штедење
|
Валута на депозитот
|
|
|
|
|
|
Минимален износ
за склучување Договор и на кој Банката пресметува и плаќа камата
|
|
|
|
|
|
Доколку во текот на траењето на Договорот, по одлука на Банката дојде до зголемување на минималниот износ на кој Банката пресметува и плаќа камата, а депозитот заедно со пресметаната камата е помал од новоутврдениот износ, Банката на ваквиот депозит нема да пресметува и да плаќа камата.
|
Рок на орочување и
Пресметковен период
|
По видување
|
Каматни стапки
(на годишно ниво)
|
Валута
|
МКД
|
EUR
|
USD
|
CHF
|
Останати
|
Каматна стапка
|
0,00%
|
0,00%
|
0,00%
|
0,00%
|
0,00%
|
Пресметка и
Плаќање камата
|
- На средствата од депозитот по видување, Банката секојдневно пресметува камата во висина на каматните стапки утврдени со Одлуката за каматните стапки на Банката, која важи на денот на склучување на договорот;
- Каматната стапка е фиксна, односно непроменлива во текот на важењето на договорот;
- Пресметката и плаќањето на каматата се врши согласно законските прописи и актите за деловната политика на Банката;
- Пресметка на каматата се врши секојдневно по пропорционален метод и на годишна основа од 365 денови;
- Плаќање на каматата се врши по истекот на тековната година во валутата од орочените средства при што истата се капитализира на основниот влог, или при целосна исплата (салдирање) на депозитот;
|
Раскинување Договор и
Исплата на средства
|
- Со средствата од депозитот по видување, Штедачот или од него овластено лице, може да располага во секое време и без ограничувања;
- доколку Штедачот побара да располага со сите средства од депозитот по видување, Договорот автоматски се раскинува, а Банката депозитната сметка ќе ја салдира, односно затвори;
- Доколку Штедачот побара да располага со дел од средствата од депозитот по видување, Договорот не се раскинува за преостанатиот износ, а Банката на преостанатиот износ продолжува да пресметува камата по каматна стапка како на средства по видување и согласно со овие општи услови;
- Исплатата на средствата е во валутата од депозитот, освен за износи кај кои заради заокружување неопходно е исплатата делумно да се изврши во денарска противвредност.
|
Уплата на средства
|
- Дополнителни вложувања по депозитот се дозволени без ограничувања. Секое наредно вложување на парични средства, Банката ќе го смета за штеден влог по видување според овие општи услови.
|
Останати одредби
|
- За вложените средства Штедачот и Банката склучуваат Договор за штеден влог по видување ЦКБ ДЕПОЗИТ ПО ВИДУВАЊЕ (Прилог);
- Договор за штеден влог по видување може да се склучи доколку Штедачот има или отвори нова трансакциска сметка во соодветната валута;
- За вложените средства, Банката му издава штедна книшка на Штедачот преку која се евидентираат и се следат промените по сметката на депозитот. Доколку на штедната книшка не е евидентирана промената по сметката на депозитот, Банката за веродостоен ќе го прифати записот за извршената промена во БИИС-от, а истиот ќе го евидентира рачно во штедната книшка;
- За вложените средства гарантира Банката, а истите се осигурани во Фондот за осигурување на депозити АД Скопје.
|