Име на производот
|
ЦКБ ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ
|
Целна група на клиенти
|
Физички лица до 18 годишна возраст
|
Намена на депозитот
|
Долгорочно штедење на лица до нивно полнолетство
|
Валута на депозитот
|
|
|
Минимален износ
за склучување Договор и на кој Банката пресметува и плаќа камата
|
- Во МКД = 6.000,00
- Во ЕУР = 100,00
|
|
Рок на орочување и
Пресметковен период
|
- По видување
- 1, 2, 3 и 5 години
|
Каматни стапки
(на годишно ниво)
|
МКД
|
ЕУР
|
Рок на орочување
|
Каматна стапка
|
Рок на орочување
|
Каматна стапка
|
По видување
|
-
|
По видување
|
0,50%
|
1 година
|
1,10%
|
1 година
|
0,80%
|
2 години
|
2,00%
|
2 години
|
1.10%
|
3 години
|
2,30%
|
3 години
|
1,60%
|
5 години
|
2,80%
|
5 години
|
1,80%
|
Пресметка и
плаќање камата
|
- На средствата од депозитот, Банката секојдневно пресметува камата по каматна стапка која е фиксна, односно непроменлива во текот на договорениот рок на орочување на средствата, а согласно Одлуката за каматните стапки на Банката;
- Пресметка на каматата се врши по пропорционален метод и на годишна основа од 365 дена;
- Плаќањето на каматата на орочените средства е по истекот на рокот на орочување при што истата се капитализира, односно се додава на основниот влог;
- Плаќањето на каматата на средствата по видување e по истекот на тековната година при што истата се капитализира, односно се додава на основниот влог, или при раскинување на договорот за ЦКБ Детско штедење по видување;
- Пресметката и плаќањето на каматата се вршат во валутата од орочените средства, а согласно со законските прописи и актите за деловната политика на Банката;
- Со пресметаната камата Штедачот или од него овластено лице може да располага на денот на истекот на пресметковниот период (рок на орочување), по што истата се капитализира односно се додава на основниот влог.
|
Исплата на средства
|
- Со орочените средства Штедачот може да располага по истекот на рокот на орочување а со денот на негово полнолетство, односно со средствата по видување со навршување на полнолетство;
- со средствата може да располага и лицето кое е законски застапник на малолетното лице (Штедачот) врз основа на одобрение (Потврда) од Центарот за социјални работи.
|
Уплата на средства
|
- Уплата на средства може да се врши за време на целиот период на орочување без ограничувања. Секое наредно вложување парични средства, Банката ќе го смета за штеден влог според овие општи услови.
|
Раскинување на Договор
|
- Доколку Штедачот преку неговиот законски застапник побара да располага (делумно или целосно) со средствата од орочениот штеден влог пред истекот на рокот на орочување, Договорот автоматски се раскинува во целост а Банката нема да плати камата за периодот од денот на уплатата на средствата до денот на исплата од влогот, ќе ја затвори депозитната сметка а штедната книшка ќе ја затвори односно салдира,
- во случај на делумна исплата на орочени средства, за преостанатите средства Банката и Штедачот преку неговиот законски застапник може да склучат нов Договор според важечките услови и со нова рочност на штедниот влог;
- доколку Штедачот преку неговиот законски застапник побара да располага (делумно или целосно) со средствата од штеден влог по видување врз основа на одобрение (Потврда) од Центарот за социјални работи, Договорот не се раскинува а Банката на преостанатиот износ продолжува да пресметува камата во согласност со овие општи услови,
|
Останати одредби
|
- За вложените средства, Штедачот преку неговиот законски застапник и Банката склучува Договор за орочување средства ЦКБ ДЕТСКО ШТЕДЕЊЕ (Прилог);
- За штедниот влог Банката му издава штедна книшка на Штедачот преку која се евидентираат и се следат промените по сметката на влогот. Доколку на штедната книшка не е евидентирана промената по сметката на штедниот влог, Банката за веродостоен ќе го прифати записот за извршената промена во БИИС-от, а истиот ќе го евидентира рачно во штедната книшка;
- За вложените средства гарантира Банката, а истите се осигурани во Фондот за осигурување на депозити АД Скопје;
- По истекот на рокот на орочување, доколку Штедачот преку неговиот законски застапник не ги подигне средствата, Договорот автоматски се продолжува под услови согласно со актите на Банката кои важат на денот на истекот на Договорот за орочен штеден влог,
|
Потребни документи и склучување на Договор
|
- Договор за орочување средства во име и за сметка на малолетно лице (Штедач) може да склучи,
- законскиот застапник на малолетното лице;
- уплатувач на средства – трето лице кое го отвора депозитот во присуство на законскиот застапник;
- старател на малолетното лице одреден со решение од надлежен орган.
- Законскиот застапник до Банката доставува Извод од Матична книга на родените за малолетното лице на чие име се отвора штедниот влог;
- Договор за орочување на средства може да се склучи доколку Штедачот има или во негово име законскиот застапник отвори нова трансакциска сметка во соодветната валута.
|
|
|
|
|
|
|