Отворено банкарство (PSD2)
Отворено банкарство (PSD2)
Согласно одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи (ЗПУПС), Централна кооперативна банка АД Скопје како давател на платежни услуги кој одржува платежни сметки и овозможува директен онлајн пристап до платежните сметки за корисници клиенти на Банката, овозможува и поврзување и сигурна комуникација со трети страни (TPP- Third Party Providers) како даватели на услуги за давање информации за платежни сметки, даватели на услуги за иницирање на плаќања и даватели на платежни услуги при платежни трансакции засновани на картички.
Отвореното банкарство е резултат на усогласеноста на Законот за платежни услуги и платни системи со Директивата на европската унија за платежни услуги PSD2 Directive (EU) 2015/2366, со што се овозможува на индивидуални и корпоративни клиенти на Банката за сигурно потврдување на согласност испратено од друг давател на платежни услуги за доставување информации за сметките.
Пристап и размена на податоците помеѓу Банката и трети страни се врши со посебни интерфејси (APIs-Application Programming Interface) подготвени за таа намена.
Со овозможување на достап на трети страни (TPP) до онлајн услугите на Банката, се стимулира основната цел на PSD2 Директивата, за конкуренција и воведување иновативни решенија во областа на платежните услуги.
Клиенти на Банката кои може да бидат корисници на платежни услуги преку трети страни (TPP), може да се само доколку се и корисници на онлајн услугите на Банката (ccbonline, или ccbmobile). При тоа, трансакциите се извршуваат согласно правилата на Банката и до лимитот поставен од страна на самиот корисник.
Услуги достапни преку Отворено банкарство
Пристап до информации за сметка
Пристап до информации за сметка (AIS – Account Information Service) овозможува на давателите на платежни услуги - трети страни (TPP) да пристапат до информациите за платежната сметка на крајниот корисник. За пристап до информациите за сметка, потребно е TPP да добие согласност од страна на крајниот корисник. Со добиената согласност, може да се добијат основните информации, вклучувајќи состојба на сметката, историја на трансакции и останати детали за платежните трансакции.
Иницирање на платежни трансакции
Со услугата за иницирање на плаќања (PIS – Payment Initiation Service) се овозможува трета страна (TPP) да иницира плаќања. За да иницира плаќања, потребно е TPP да добие согласност од страна на крајниот корисник, обезбедувајќи соодветна авторизација за иницирање на платежната трансакција.
Потврда за расположивост на средствата
Сервисот за потврда на расположливи средства им овозможува на даватели на услугата - плаќања од трети страни (TPP) да ја потврдат достапноста на средства преку авторизација (добивање согласност) од крајниот корисник.
Портал за трети страни
Порталот за разработка и тестирање од трети страни како даватели на платежни услуги е достапен на следниот линк https://psd2dev.ccbank.mk/doc/.
Во постапката за разработка и тестирање, третата страна како давател на платежни услуги потребно е да поседува квалификуван сертификат (QWAC-qualified website authentication certificate ) издаден од овластен издавач на сертификати.
QWAC сертификатот овозможува да се воспостави канал за комуникација со субјектот на сертификатот користејќи го протоколот за безбедност, кој гарантира доверливост, интегритет и автентичност на сите податоци пренесени преку каналот.
Документација
Потребната документација за разработка и тестирање на сервисите на Банката наменети за трети страни е достапна на следниот линк https://psd2dev.ccbank.mk/ .
Поддршка
Доколку ви е потребна помош или имате прашања во врска со отвореното банкарство, може да не контактирате на:
Адреса: Централна кооперативна банка АД Скопје, Улица 1732 број 2, 1000 Скопје, Република С. Македонија
Телефон: ++ 389 (02) 32-49-300 Факс: ++ 389 (02) 32-49-331
E-маил: psd2@ccbank.mk