Платежни услуги во земјата
Платежни услуги во земјата за физички лица
Што нуди платниот промет
Централна кооперативна банка АД Скопје како давател на платежни услуги преку својот систем за платежни услуги овозможува ефикасно, сигурно и брзо извршување на сите видови плаќања.
Со вклучување во платниот промет на Централна кооперативна банка Скопје имателите на сметка во Банката имаат можност за:
- комбинација на сметките за вршење на платежни услуги во земјата и платежни услуги со странство;
- доставување на платни налози во било која експозитура на Банката;
- доставување на платни налози на повеќе начини (хартија, CD, USB, CCBOnline, CCBMobile);
- добивање на извод за промените и состојбата на сметката на повеќе медиуми ( на шалтер или во фах, e-mail, интернет);
- користење на систем за електронско банкарство преку интернет (CCBOnline, CCBMobile), односно реализација на плаќања без при тоа да се доаѓа во експозитурите на Банката.
Отворање на платежни сметки за физички лица
Во платниот промет на Централна кооперативна банка АД Скопје, Банката на барање на клиентите физички лица отвора платежни сметки за вршење на работите на платежни услуги врз основа на доставената документација, и тоа:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент;
- Барање за отворање на платежна сметка;
- Фотокопија од важечка лична исправа; и
- Рамковен договор за отворање и одржување на платежна сметка.
Доколку физичкото лице претходно има отворено платежна сметка кај друг давател на платежни услуги, истото, согласно законот, може да отвори платежна сметка и во платниот промет на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Платежна сметка со основни функции
Платежна сметка со основни функции може да отвори физичко лице со законско престојувалиште во РСМ (резидент) и физичко лице на кого му е одбиено барањето за престој и чие напуштање на државате не е можно поради правни или други практични причини.
Право на отворање платежна сметка со основни функции има лицето доколку нема отворено платежна сметка со основни функции или друга платежна сметка во Банката или кај друг давател на платежни услуги во РСМ, за што до Банката доставува и Изјава дека нема отворено друга платежна сметка.
Доколку барателот на ваков вид сметка е потрошувач кој припаѓа на групата на корисници на законски права на надоместоци (законска издршка, надоместок за боледување, надоместок за телесно оштетување, парична помош од социјална заштита, додаток за деца, стипендија, кредит и помош за ученици и студенти), истовремено доставува и доказ дека припаѓа на таквата група.
Платежна сметка со основни функции го вклучува користењето на следните услуги:
- Отворање, одржување и затворање на платежната сметка;
- Уплата на парични средства на ПСОФ;
- Повлекување на готовина од ПСОФ преку шалтер или мрежата на банкомати на Банката:
- Извршување на платежни трансакции што вклучува директно задолжување, трансакции со платежна картичка (вклучително и online плаќања), кредитни трансфери (вклучувајќи и трајни налози) од кои првите пет доколку се кон платежни сметки во рамките на Банката се без надоместок.
На платежна сметка со основни функции, Банката не одобрува, односно не договара дозволено пречекорување;
Доколку барателот веќе има отворено платежна сметка со основни функции во Банката или кај друг давател на платежни услуги, Банката нема да отвори друга платежна сметка во денари;
Банката ќе го информира корисникот за статусот на неговото барање за отворање платежна сметка со основни функции во рамките на законскиот рок од 10 дена.
Трансфери на средства
Корисниците на платежни услуги-иматели на платежни сметки во Банката своите плаќања може да ги извршуваат преку следниве системи:
- Македонски интербанкарски платен систем - МИПС на Народна Банка на РСМ, преку кој се реализираат итните платни налози и налозите на износ над 1 милион денари. При реализација на платежните трансакции преку системот на МИПС, примачот може веднаш да располага со дозначените средства;
- Клириншки интербанкарски систем - КИБС на Клириншката куќа АД Скопје, преку кој се реализираат сите останати платежни трансакции кон друг давател на платежни услуги, каде примачот може да располага со средствата на крајот од пресметковниот ден;
- Доколку плаќањата се вршат помеѓу корисниците на платежни услуги иматели на сметки во Банката, односно трансакциите се извршуваат во т.н. интерен клиринг, примачот располага со средствата на сметката веднаш по извршувањето на платежната трансакција.
Како да ги реализирате вашите налози
Имателите на платежни сметки во Централна кооперативна банка АД Скопје платните налози може да ги достават на извршување, и тоа:
- на печатени обрасци со физичко доставување во било која од експозитурите на Банката;
- на магнетен медиум во однапред утврден формат; или
- преку интернет со користење на системот за електронско банкарство (CCBOnline, CCBMobile).
Изводи за состојбите на сметките
За извршените платежни трансакции преку платниот промет на Централна кооперативна банка АД Скопје, банката изготвува извод за промените и состојбата на сметката.
Доставувањето на изводите се врши на повеќе начини и тоа:
- на шалтер
- во фах,
- со електронска пошта, или
- преку интернет со систем за електронско банкарство (CCBOnline, CCBMobile).
Состојбата на сметката преку системот за електронско банкарство може да се добие во секое време од денот.
Дополнителни информации може да се добијат во сите експозитури на Банката.
Лица за контакт:
Кокан Нововиќ
Телефон: (02) 3249-361
Факс: (02) 3249-303
e-mail: kokan.novovik@ccbank.mk
Билјана Трајковска
Телефон: (02) 3249-320
Факс: (02) 3249-303
e-mail: e-mail: biljana.t@ccbank.mk
Татијана Спасовска
Телефон: (02) 3249-320
Факс: (02) 3249-303
e-mail: e-mail: tatijana.spasovska@ccbank.mk