1
2
3
Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец јуни ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 28.06.2022 година. Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 28.06.2022. Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи: 1. До 11.000 денари 2.11.001-14.000 денари 3. 14.001-18.000 денари 4. Над 18.001 денари 28.06.2022г. (вторник) 29.06.2022г. (среда) 30.06.2022г. (четврток) 01.07.2022г. (петок) Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје
Почитувани, Ве известуваме дека во Недела 19.6.2022год. во период од 10:00ч. до 16:30ч. поради техничка надградба на системот, ќе има прекин на услугите за електронско и мобилно банкарство. Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време. Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања: - Најмалку високо образование од областа на економските науки; - Солидно познавање на англиски јазик; - Одлично познавање на македонски јазик; - Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери. Избраниот кандидат треба да поседува: - Работно искуство најмалку 1 година; - Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; - Одлични комуникациски способности; - Позитивен приод кон работата; - Висок степен на прецизност. За ова работни места предвидена е основна нето плата до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
До 1.800.000 мкд, со каматна стапка од 4,4% и рок на исплата на кредитот до 120 месеци.
Конвертор на валути
Од валута MKDJPYJPYAUDAUDCADCADSEKSEKNOKNOKUSDUSDCHFCHFEURGBPDKKDKKGBP
Во валута MKDJPYJPYAUDAUDCADCADSEKSEKNOKNOKUSDUSDCHFCHFEURGBPDKKDKKGBP
* Пополнете ги сите полиња погоре пред да го извршите пресметувањето.
Дали сте задоволни од професионалноста и љубезноста на вработените во ЦКБ?
Мапа на банкомати
Мапа на експозитури