Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти
Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти
Отворање на платежна сметка во девизи
Физичко лице-Резидент може да отвори една или повеќе платежни сметки во девизи во една или повеќе деловни банки во РС Македонија при што со Банката како Давател на платежни услуги потпишува Рамковен договор за отворање и одржување на платежни сметки и користење на платежни услуги.
Пред воспоставување на деловен однос со клиентот, Банката врши негова идентификација согласно одредбите од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и Програмата на Банката за имплементација на мерките за заштита од спречување на перење пари и финансирање тероризам. За таа цел клиентот задолжително пополнува и соодветна Апликација. При отворање на платежната сметка во девизи задолжително е клиентот да има отворено и денарска платежна сметка во ЦКБ АД Скопје.
За вршење работи на платежни услуги со странство, банката на барање на клиентот отвора платежна сметка во девизи, при што е потребно клиентот да ја достави и потпише следната документација:
Физичко лице – Резидент:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент за носителот и овластеното лице (формулар од банката);
- Барање за отворање на платежна сметка (формулар од банката);
- Пријава за овластени лица на платежна сметка (формулар од банката);
- Пријава за овластени потписници на платежна сметка (специмен-формулар од банката);
- Рамковен договор за отворање и одржување на платежна сметка (формулар од банката);
- Фотокопија од важечка лична или патна исправа на лицето-барател или лицето овластено да отвори и/или располага со средствата на сметката;
- Изјава од носителот на сметка или овластеното лице за статус Резидент или Нерезидент, информираност за позитивните законски прописи во РСМ и за термините и условите за отворање и одржување на платежна сметка (Формулар од банката);
Физичко лице – Резидент по основ ДЕВИЗНА ПЕНЗИЈА:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент за носителот и овластеното лице (формулар од банката);
- Барање за отворање на платежна сметка (формулар од банката);
- Пријава за овластени лица на платежна сметка (формулар од банката);
- Пријава за овластени потписници на платежна сметка (специмен-формулар од банката);
- Рамковен договор за отворање и одржување на платежна сметка (формулар од банката);
- Фотокопија од важечка лична или патна исправа на лицето-барател или лицето овластено да отвори и/или располага со средствата на сметката;
- Изјава од носителот на сметка или овластеното лице за статус Резидент или Нерезидент, информираност за позитивните законски прописи во РСМ и за термините и условите за отворање и одржување на платежна сметка (формулар од банката);
- Пријава на корисник на странска девизна пензија (формулар од банката);
- Изјава за остварено право на странска девизна пензија (формулар од банката);
- Овластување за враќање на девизна пензија (формулар од банката).
Наведената документација се доставува во оригинал (или фотокопија заверена на нотар) во најблиската експозитура на Банката.
Банката може да побара и друга документација доколку од доставената не може да се утврдат неопходните податоци за идентификација на клиентот при отворање на платежна сметка за работа со странство.
Клиентите кои претходно се идентификувани и во банката имаат важечка документација, потребно е да ги пополнат и достават само предвидените формулари од Банката.
Централна кооперативна банка АД Скопје преку својот интегриран и софистициран систем со најсовремени технолошки решенија за сите свои клиенти-корисници на банкарски услуги овозможува брз, ефикасен и сигурен начин на сите наплати и плаќања ширум светот, применувајки стандардизирани меѓународни платни инструменти и користејќи ја притоа широката мрежа на кореспондентски финансиски односи со странски и домашни банки.
Централна кооперативна банка АД Скопје извршува режимски денарски и девизни кредитни трансфери со странство за Резиденти - домашни физички лица по основ наплата од Нерезиденти и Резиденти и плаќања кон нерезиденти или резиденти со посредство на:
- SWIFT - Глобален сервис за пренос на сигурни финансиски трансакции;
- SEPA-STEP2 - (Единствената област за плаќања во евра, во натамошниот текст: СЕПА) – платен систем за порамнување на прекугранична платежна трансакција, наменета само за КТС за валута EUR/978 и со опција поделени трошоци за посреднички банки (SHA);
- CCB Sofia,Bulgaria - за најефтини интерни девизни трансфери за клиенти на ЦКБ групација,
- TARGET2 - платен систем за порамнување на прекугранична платежна трансакција, наменета само за КТС за валута EUR/978 и со опција поделени трошоци за посреднички банки (SHA);
- МИПС - за итни и големи плаќања во денари преку Народната банка на РСМ;
- КИБС - Клириншки интербанкарски систем - каде налогопримачот може да располага со средствата на крајот од тековниот ден;
- ЦКБ АД Скопје – за интерни трансфери помеѓу платежни сметки на корисници во Банката.
Kредитните трансфери со странство /одливи/ се вршат во текот на работниот ден од 08:00 часот до 16:00 часот односно според Терминскоит план за прием на платни инструменти.
Кредитни трансфери од странство/приливи/
Кредитните трансфери од странство /приливи/ по налог на Физичко лице - Нерезидент кон Физичко лице - Резидент се слободни и без никакви ограничувања. Сите останати девизни и денарски приливни девизни трансакции се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.
За да насочите кредитен трансфер од странство /прилив/ на вашата платежна сметка, неопходно е да го известите праќачот со следните податоци:
- Central Cooperative Bank AD Skopje;
- SWIFT BIC CODE: CECBMK22;
- Вашиот IBAN од бројот на платежна сметка во ЦКБ Скопје;
- Вашиот назив / име и презиме и целосна адреса со улица, број, град и држава.
Депонираните средства по основ на кредитни трансфери од странство /приливи/ можат слободно и неограничено да останат на сметка или да се користат за плаќања кон нерезиденти, за сопствени трансфери на сметка или за продажба на истите на девизниот пазар.
Kредитните трансфери од странство /приливи/ се вршат во текот на работниот ден од 08:00 часот до 16:00 часот односно според Терминскиот план за прием на платни инструменти.
Банката извршува наплати во денари по налог на Нерезиденти клиенти на банката или по налог на платежни денарски Нерезидентни сметки отворени во друга домашна банка а во корист на платежни сметки на Резиденти-клиенти на банката по основ на :
- побарувања од нерезиденти со соодветна документација.
Кредитните трансфери во денари се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги во земјата односно според Терминскиот план за прием на платни инструменти.
Кредитни трансфери со странство /КТС/
Кредитните трансфери во девизи по налог на Физичко лице - Резидент кон Нерезидент се слободни освен оние според законските и подзаконските прописи се ограничени заради девизен режим во нашата држава.
Плаќачот – Резидент Физичко лице го пополнува платниот налог за извршување кредитен трансфер со странство со назначување на задолжителните елементи на платниот налог и е одговорен за настанатите последици од неправилното пополнување.
Платниот налог за извршување кредитен трансфер со странство задолжително ги содржи следниве податоци:
- наименување на давателот на платежните услуги до кој е назначен платниот налог;
- наименување на плаќачот;
- број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на плаќачот;
- наименување на примачот;
- број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на примачот;
- износ на кредитниот трансфер;
- валута на кредитниот трансфер;
- датум на (валута) извршување;
- опис на плаќањето;
- дополнителни појаснувања за плаќањето;
- назив на платниот систем;
- датум на поднесување;
- потпис на плаќачот.
- идентификациска ознака SWIFT/BIC на давателот на платежните услуги на примачот;
- назначување на корисникот на платежните услуги којшто ги плаќа надоместоците за извршување на кредитниот трансфер;
- назначување на резидентноста на плаќачот;
- назначување на резидентноста на примачот
Според стандарите на SWIFT (ISO20022) дефинирани се три опции за плаќање на надоместоците за извршување на кредитниот трансфер со странство /КТС/, по налог на плаќачот од сметката во ЦКБ АД Скопје:
- OUR (DEBT според ISO20022) - сите банкарски провизии се на сметка на Плаќачот. Во оваа опција се вклучени провизиите на банката на плаќачот, на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот;
- SHA (SHAR според ISO20022) - провизијата на банката на плаќачот се на сметка на Плаќачот, провизијата на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот се на сметка на Примачот.
- BEN (CRED според ISO20022) - сите банкарски провизии се на сметка на Примачот. Во оваа опција банката на плаќачот си ја наплаќа провизијата од износот на КТС.
Провизиите кои што ЦКБ АД Скопје ги наплатува се согласно важечката Тарифа на надоместоци.
Кредитните трансфери со странство (КТС) кон други сметки кај други даватели на платежни услуги /странски или домашни банки/ се извршуваат со поднесување на:
- уредно пополнет и потпишан Налог за извршување на кредитен трансфер за платежни трансакции со странство (Налог за КТС);
- обезбедено покритие и провизија за плаќањето;
- пропратна документација за соодветното плаќање согласно важечката законска регулатива.
Платниот налог за кредитен трансфер со странство /КТС/ кон други платежни сметки, клиентот може да го достави лично до банката или да ја овласти банката да го изготви истиот во негово име и за негова сметка.
Кредитните трансфери со странство се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги со странство односно според Терминскиот план за прием на платни инструменти.
Кредитни трансфери во денари од Резидент кон Нерезидент
Банката извршува кредитни трансфери во денари во корист на денарски платежни сметки на Нерезиденти отворени во банката или кај друг давател на платежни услуги во земјата по налог на Резидент-клиент на банката по основ на:
- други обврски според приложена соодветна документација;
- уредно пополнет и потпишан налог за кредитен трансфер кон нерезидент.
Кредитните трансфери во денари се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги во земјата.
Дополнителни информации за платежните услуги со странство може да се добијат во сите Експозитури/Филијали на банката и/или по телефон или електронска пошта.
Контакт информации:
Телефон: (00 389 2) 3249 371, 3249 395
e-mail: pps@ccbank.mk