Бизнис кредит „Доверба -овердрафт“
Кредитниот производ ЦКБ Бизнис-кредит ,,Доверба–овердрафт" е наменет за поддршка на моменталната ликвидност на мали и средни претпријатија, финансирање плаќања поврзани со основната дејност (купување суровини, материјали, стоки, други краткорочни активи, плаќањe тековни трошоци и др.). Кредитот е наменет за мали и за средни претпријатија со приходи не помалку од 50.000 EUR (во денарска противредност) генерирани од основната дејност, кои работат успешно и имаат позитивни финансиски резултати во претходната и од тековната финансиска година.
Вид на кредитот
|
Овердрафт (дозволено пречекорување на трансакциската сметка)
|
Целна група
|
Мали и средни претпријатија со приходи од продажба не помали од 50.000,- ЕУР (противвредност во МКД)
|
Рок на кредитот
|
Рокот на кредитот е до 36 месеци (3 години) со можност за обновување за уште 24 месеци (2 години).
|
Износ на кредитот
|
- До 200 000 ЕУР (противвредност во МКД), но не повеќе од 20% од реализираните приходи од продажба на стоки/услуги од основна дејност за последната финансиска година за кредити обезбедени со прва по ред хипотека во корист на Банката.
- До денарска противвредност на 20. 000 ЕУР по среден курс на НБРМ, но не повеќе од 10% од реализираните приходи од продажба на стоки/услуги од основна дејност за последната финансиска година за кредити обезбедени со меница.
- Над денарска противвредност на 20.000 ЕУР до 30.000 ЕУР по среден курс на НБРМ, но не повеќе од 8% од реализираните приходи од продажба на стоки/услуги од основна дејност за последната финансиска година за кредити обезбедени со меница во форма на нотарски акт.
- Над денарска противвредност на 30.000 ЕУР до 50.000 ЕУР по среден курс на НБРМ, но не повеќе од 5% од реализираните приходи од продажба на стоки/услуги од основна дејност за последната финансиска година за кредити обезбедени со меница во форма на нотарски акт.
***За сите кредити обезбедени со основно обезбедување меница максималниот износ на кредит не може да биде повисок од сопствениот капитал на фирмата кредитобарател.
|
Годишна каматна стапка
|
- од 5,00% до 7,00% променлива на годишно ниво
* Каматната стапка за кредити во денари се дефинира како збир на каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула, зголемена за фиксен додаток, но истата да не изнесува помалку од дефинираната согласно продуктот на годишно ниво.
***Каматната стапка зависи од рокот на кредит, кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и видот и квалитетот на понуденото обезбедување.
|
Провизии и надоместоци
|
Провизиите и надоместоците се одредени во согласност со Одлуката за тарифи на Банката.
|
Обезбедување
|
За обезбедување на кредитот се користи комбинација од инструменти за обезбедување во согласност со интерните правила на Банката, и тоа: хипотека на недвижен имот од прв ред, залог на подвижен имот, гаранции од првокласни банки, депозити (денарски или девизни), меница во форма на нотарски акт, меница од фирмата (меница) авалирана од сопственикот/сопствениците на фирмата и други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.
|
За подетални информации обратете се во Дирекција за банкарски услуги на правни лица во Филијалата во Скопје-Центар на улица “Даме Груев” бр.28, веднаш до Министерството за труд и социјална политика наспроти полициската станица БЕКО“ или во најблиската експозитура до Вас.
* Преглед на референтни каматни стапки