Експрес кредит со залог на злато
ПРОМОТИВНО НОЕМВРИ 2025
- 4,00% променлива каматна стапка на годишно ниво за кредити наменети за купување инвестициско злато и за кредити обезбедени со владетелски залог на инвестициско злато.
- 50% попуст на административен надомест за утврдување бонитет и контрола на документација
НАМЕНА И ПАРАМЕТРИ НА КРЕДИТОТ
Износ на кредитот - Максимален износ - до 7.000.000 МКД. и параметар ДСТИ до 55%
Рок на користење:
- До 48 месеци за кредити со месечна ануитетска отплата, обезбедени со владетелски залог на инвестициско злато.
- До 12 месеци со можност за продолжување со анекс – за кредити со bullet отплата, обезбедени со владетелски залог на злато во форма на монети или накит.
РЕДОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ
6,00% променлива каматна стапка на годишно ниво - за кредити со ануитетска отплата, обезбедени со владетелски залог на инвестициско злато
Променлива камата во висина на законската казнена камата – за кредити без намена со bullet отплата обезбедени со владетелски залог на злато во форма на монети или накит
* Преглед на референтни каматни стапки
ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ
- Административен надомест за утврдување бонитет и контрола на документација - согласно тарифа
- 2 000 МКД надомест за документација
- 2,00% административен надомест за анексирање на договорот
- Трошоци кон проценителот
СТАПКА НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ
СВТ при промотивни услови:
16,38% - за кредит наменет за купување на инвестициско злато, обезбеден со владетелски залог на инвестициско злато, во износ од 60 000 МКД, со рок на враќање 12 месеци, при одобрен кредит и камата 4,90%
СВТ при редовни услови:
26,98% - за кредит обезбедени со владетелски залог на злато во форма на монети или накит, во износ од 60 000 МКД, со рок на враќање 12 месеци, при одобрен кредит и камата 13,55%
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Обезбедување - Депонирано злато
Потребни документи:
- Барање за кредит,
- потврда од работа,
- фотокопија од важечка лична исправа (лична карта пасош) за кредитобарателот,
- спецификација за извршена проценка на златото и други благородни метали,
- Договор за владетелски залог на подвижен имот
ЕКСПОЗИТУРИ