Платежни услуги со странство за правни лица - Нерезиденти
Платежни услуги со странство за правни лица - Нерезиденти
Отворање на платежна сметка во девизи
Правно лице-Нерезидент може да отвори една или повеќе платежни сметки во девизи во една или повеќе деловни банки во РС Македонија при што со Банката како давател на платежни услуги потпишува Рамковен договор за отворање и одржување на платежни сметки и користење на платежни услуги.
Пред воспоставување на деловен однос со клиентот, Банката врши негова идентификација согласно одредбите од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и Програмата на Банката за имплементација на мерките за заштита од спречување на перење пари и финансирање тероризам. За таа цел клиентот задолжително пополнува и соодветна Апликација.
За вршење работи на платежни услуги со странство, банката на барање на клиентот отвора платежна сметка во девизи, при што е потребно клиентот да ја достави и потпише следната документација:
Правно лице - Нерезидент:
- Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (формулар од банката);
- Апликација за идентификација/ажурирање на овластени потписници и овластени лица (формулар од банката);
- Барање за отворање на платежна сметка (формулар од банката);
- Пријава за овластени лица на платежна сметк а(формулар од банката);
- Пријава за овластени потписници на платежна сметка (специмен-формулар од банката);
- Рамковен договор за отворање и одржување на платежна сметка (формулар од банката);
- Фотокопија од важечка лична/патна исправа на овластените лица и овластените потписници на платежната сметка;
- Изјава од одговорното лице за статус Резидент или Нерезидент, информираност за позитивните законски прописи во РСМ и за термините и условите за отворање и водење на платежна сметка за работа со странство (формулар од банката)
- За правното лице и неговиот законски застапник – извод Трговскиот регистар или друг надлежен регистар (специјализирана институција) каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот (со прилози доколку ги има) но не постаро од 6 (шест) месеци, од кој може да се утврди датумот на негово основање, називот, адресата, седиштето, законскиот застапник, вистинскиот сопственик, и дејноста која ја врши;
- За правното лице – дипломатско конзуларно претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација потребно е документ издаден од Министерството за надворешни работи на РС Македонија или Решение за упис или Тековна состојба од Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на РСМ, како и полномошно на одговорното лице во претставништвото, и фотокопие од важечка лична (патна) исправа на образец на Банката;
Наведената документација (на македонски јазик или на англиски со превод на македонски јазик од овластен судски преведувач) се доставува во оригинал (или фотокопија заверена на нотар) во најблиската експозитура на Банката.
Банката може да побара и друга документација доколку од доставената не може да се утврдат неопходните податоци за идентификација на клиентот при отворање на девизната сметка.
Што нуди платниот промет со странство
Централна кооперативна банка АД Скопје преку својот интегриран и софистициран систем со најсовремени технолошки решенија за сите свои клиенти-корисници на банкарски услуги овозможува брз, ефикасен и сигурен начин на сите наплати и плаќања ширум светот, применувајки стандардизирани меѓународни платни инструменти и користејќи ја притоа широката мрежа на кореспондентски финансиски односи со странски и домашни банки.
Централна кооперативна банка АД Скопје извршува режимски денарски и девизни кредитни трансфери во платежни услуги со странство за нерезиденти - странски правни лица по основ на кредитни трансфери од странство /приливи/ од нерезиденти и резиденти и плаќања кон нерезиденти или резиденти со посредство на:
- SWIFT - Глобален сервис за пренос на сигурни финансиски трансакции;
- CCB Sofia,Bulgaria - за најефтини интерни девизни трансфери за клиенти на ЦКБ групација,
- BISERA 7 - за евтини и брзи трансфери во евра до EUR 50.000,00 за банки во/од Р.Бугарија,
- МИПС - за итни и големи плаќања во денари преку Народната банка на РСМ;
- КИБС - Клириншки интербанкарски систем - каде налогопримачот може да располага со средствата на крајот од тековниот ден;
- ЦКБ АД Скопје – за интерни трансфери помеѓу платежни сметки на корисници во Банката.
Кредитни трансфери од странство /приливи/
Кредитните трансфери од странство /приливи/ се слободни и се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.
За да насочите кредитен трансфер од странство /прилив/ на вашата платежна сметка, неопходно е да го известите праќачот со следните податоци:
- Central Cooperative Bank AD Skopje;
- SWIFT BIC CODE: CECBMK22;
- Вашиот IBAN број на платежната сметка;
- Вашиот назив/име и презиме и целосна адреса.
Внесување на ефектива во девизи
Согласно законските прописи во државата слободни се внесувањето во ефективни странски пари /готовина/ за износи до EUR 10,000,00 /или противвредност во друга валута/ на месечна основа само од овластеното лице - носител на сметка.
Внесување на странски пари во износ од и над EUR 10.000,00 /или противвредност во друга валута/ на месечна основа е дозволена само со приложување на писмено барање од Корисникот на сметката и приложена писмена потврда (Сертификат) издадена од Царинската Управа на Република С.Македонија која има рок на важност до 5 работни дена.
Депонираните средства по основ на девизни приливи можат слободно да се користат.
Кредитни трансфери од странство /приливи/ се вршат во текот на тековниот работен ден од 08:00 часот до 16:00 часот.
Внесување на ефективни денари е режимска операција и се извршува согласно законските прописи во државата.
Кредитните трансфери во денари од нерезиденти се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги во земјата.
Кредитни трансфери во странство /дознаки/
Кредитните трансфери со странство /дознаки/ или прекугранични трансфери се слободни и се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.
Плаќачот-Нерезидент правно лице го пополнува платниот налог за извршување кредитен трансфер во странство со назначување на задолжителните елементи на платниот налог и е одговорен за настанатите последици од неправилното пополнување.
Платниот налог за извршување кредитен трансфер со странство задолжително ги содржи следниве податоци:
- наименување на давателот на платежните услуги до кој е назначен платниот налог;
- наименување на плаќачот;
- број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на плаќачот;
- наименување на примачот;
- број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на примачот;
- износ на кредитниот трансфер;
- валута на кредитниот трансфер;
- датум на (валута) извршување;
- опис на плаќањето;
- дополнителни појаснувања за плаќањето;
- назив на платниот систем;
- датум на поднесување;
- потпис на плаќачот.
- идентификациска ознака SWIFT/BIC на давателот на платежните услуги на примачот;
- назначување на корисникот на платежните услуги којшто ги плаќа надоместоците за извршување на кредитниот трансфер;
- назначување на резидентноста на плаќачот;
Според стандарите на SWIFT дефинирани се три опции за плаќање на надоместоците за извршување на кредитниот трансфер со странство /дознаки/, по налог на плаќачот од сметката во ЦКБ АД Скопје:
- OUR - сите банкарски провизии се на сметка на плаќачот. Во оваа опција се вклучени провизиите на банката на плаќачот, на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот;
- SHA - провизијата на банката на плаќачот се на сметка на плаќачот, провизијата на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот се на сметка на примачот.
- BEN - сите банкарски провизии се на сметка на примачот. Во оваа опција банката на плаќачот си ја наплаќа провизијата од износот на дознаката.
Провизиите кои што ЦКБ АД Скопје ги наплатува се согласно важечката Тарифа на надоместоци.
Кредитните трансфери со странство /дознаки/ кон други сметки кај други даватели на платежни услуги /странски или домашни банки/ се извршуваат со поднесување на:
- уредно пополнет и потпишан налог за извршување на кредитен трансфер за платежни трансакции со странство;
- обезбедено покритие и провизија за плаќањето;
- пропратна документација за соодветното плаќање согласно важечката законска регулатива.
Кредитните трансфери со странство (ностро дознаки) се извршуваат согласно Терминскиот план за платежни услуги.
Денарските кредитни трансфери и готовински плаќања се режимски трансакции и се извршуваат согласно законските прописи во државата:
- Во корист на резиденти за извршен увоз/извоз на стоки и услуги и останати обврски;
- Во корист на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност;
- Во корист на Буџетски корисници ;
- Кон нерезиденти по основ на пренос на денари помеѓу нерезидентни сметки;
- По основ на плати и придонеси за вработени; и
- По основ на исплата на ефективни денари од денарска сметка на нерезидент.
Денарските кредитни трансфери се вршат согласно терминскиот план за за платежни услуги во земјата.
Дополнителни информации за платежните услуги со странство може да се добијат во сите Експозитури/Филијали на банката и/или по телефон или електронска пошта.
Контакт информации:
Телефон: (00 389 2) 3249 371, 3249 395
e-mail: pps@ccbank.mk