ccb logo
  • ЗА НАС
    • За ЦКБ АД Скопје
    • За ЦКБ АД Софија
    • Организациона шема
    • Деловна мрежа и работно време
    • Раководство
    • Извештаи за банката
      • Финансиски извештаи
      • Извештаи и податоци
      • Кредитен Реитинг ЦКБ АД Скопје - БАКР АД Софија
    • Меѓународна коресподенција
    • Заштита на лични податоци
    • Новости
    • Јавен повик
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 30.05.2025
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 29.01.2025
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 19.11.2024
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (24.07.2024)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (29.05.2024)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 31.08.2023
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (30.05.2023)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 23.03.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.01.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 22.11.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 26.07.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.12.2021
      • Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници по пат на јавна понуда
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (31.05.2022)
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (21.05.2021)
    • Интерни акти
    • Преглед на референтни каматни стапки
    • Односи со инвеститори
    • Отворено банкарство (PSD2)
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
    • Финансиска едукација
    • Кредити
      • Кредитен пакет "Доверба"
      • Кредитен пакет „Доверба - Македонски Полициски Синдикат МПС“
      • Станбен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Хипотекарен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Стандарден потрошувачки кредит
      • Кредитен пакет за пензионери
      • Автомобилски кредит
      • Автомобилски кредит во соработка со М Кар и Стар Моторс дооел Скопје
      • Кредит обезбеден со паричен депозит
      • Експрес кредит со залог на злато
      • Земјоделски кредит- Агро техника
      • Бескаматен кредит
      • Банкарски гаранции за физички лица
      • Тарифа на надоместоци за услугите кредитирање на населеие
      • Целосна тарифа важечка од 01.10.2024
    • Депозити
      • Стандарден депозит
      • Хит депозит
      • Отворен депозит
      • Рентен депозит
      • Детско штедење
      • Депозит по видување
      • Супер депозит
    • Платежни картички
      • Дебитни картички
      • Кредитни картички
      • СМС Известување
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Нерезиденти
    • Споредете ги надоместоците за платежни услуги (nbrm.mk)
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Мобилно банкарство CCB Mobile
    • Western Union
    • Сефови
    • Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
    • Образец за пријава на поплаки и пофалби од клиенти на ЦКБ АД Скопје
    • DCC exchange list for AТМ
  • ПРАВНИ ЛИЦА
    • Кредити
      • Бизнис кредит „Доверба -овердрафт“
      • Бизнис кредит - Обрт
      • Бизнис кредит - Раст
      • Бизнис кредит - Микро
      • Микро земјоделски кредит
      • Бизнис кредит - Експорт
      • ЦКБ Бизнис кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит
    • Гаранциско работење
    • Депозити
    • Платежни картички
      • Mastercard® Business Card – кредитна картичка
      • Visa Business – кредитна картичка
      • СМС Известување за платежни картички
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Нерезиденти
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Сефови
  • КОНТАКТ
View the entire list
  • CAD | 36.1000 | 40.2000 | 38.0546
  • CHF | 63.9000 | 68.0500 | 65.9074
  • GBP | 68.1000 | 72.4000 | 70.2907
  • AUD | 32.9000 | 37.0000 | 34.9477
  • JPY | 0.3225 | 0.3525 | 0.3375
  • USD | 50.4000 | 54.6500 | 52.5110
  • EUR | 61.3000 | 61.8000 | 61.5114
  • CAD | 36.1000 | 40.2000 | 38.0546
  • CHF | 63.9000 | 68.0500 | 65.9074
  • GBP | 68.1000 | 72.4000 | 70.2907

1

2

3

Анкета
Вашето мислење е најважно за нас!

Новости


Март 2020


ИЗВЕСТУВАЊЕ за корисниците на кредитни картички на ЦКБ

3/26/2020

Почитувани,   Во насока на колективните напори за зголемена здравствена превенција, истовремено водејќи грижа за вашето здравје и здравјето на нашите вработени, ви овозможуваме полесен и побезбеден пристап до готовина. Во периодот од 26. март до 09. април 2020 година, подигнувањето на готовина со вашите ЦКБ кредитни картички за физички лица, на банкоматите на Банката – ќе биде без провизија!   Со почит, ЦКБ АД Скопје

Оглас за вработување

3/25/2020

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место „Раководител на Службата за кредитен ризик и кредитни операции“ во Скопје на неопределено време.   Работното место воглавно ги опфаќа следниве активности: кредитна и финансиска анализа на примени барања за кредити; оценка на кредитен ризик; учествува и дава предлози за подобрување/влошување на категорија на ризик на клиент; изготвува извештаи поврзани со работењето на Службата и Дирекцијата; следење на дополнителните услови по одобрени кредитни производи согласно Правилата за кредитна активност; учествува во изработка на интерни акти поврзани со кредитната активност на Банката; тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;     Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок За ова работно место предвидена е нето плата во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.   Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации: Најмалку високо образование од областа на економските науки; Добри аналитички способности и одлично познавање на финансиски извештаи  и сметководствени стандарди; Висок степен на прецизност; Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности; Способност за тимска работа и работа во динамична средина; Способност за работа со утврдени временски рокови; Самомотивираност и способност за самостојно работење; Искуство во кредитирањето на правни лица во други банкарски институции ќе се смета за предност. Солидно познавање на англиски јазик; Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери; Возачка дозвола „Б“ – категорија.     Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „За оглас – Раководител на Служба кредитен ризик и кредитни операции“.    Огласот ќе биде активен заклучно со 02.04.2020 година.   Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.     Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308   

Известување за времен прекин на работа на експозитурата во Велес

3/25/2020

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека поради новонастанатата ситуација во државата и препораките на Владата на Р.С.Македонија, Банката времено ќе го прекине работењето на експозитура Велес.   Времениот прекин на работењето на експозитурата е од 26.03.2020 до 27.03.2020 година.   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за клиентите на ЦКБ АД Скопје

3/24/2020

Почитувани клиенти,   Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец март ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 25.03.2020 година.           Поради намалување на концетрацијата на клиенти кои ќе ги подигаат своите примања по основ на пензии, Банката изврши поделба на клиентите согласно азбучен ред од првата буква на името на клиентите и препорачува клиентите да се појават експозитурите на датумите во кои припаѓаат согласно поделбата.             Групите согласно првата буква од името на клиентите е следна: А – Д на датум 25.03.2020 година; Ѓ – М на датум 26.03.2020 година; Н – Ш на датум 27.03.2020 година;   Клиентите кои сакаат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на Банката, може истото да го извршат почнувајќи од 25.03.2020 година.   Со почит, Централна кооперативна банка ад Скопје

Оглас за вработување

3/19/2020

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Раководител на експозитура во Скопје.   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, месечна нето плата во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.   Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации: -          Најмалку високо образование од областа на економските науки; -          Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи. Избраниот кандидат треба да поседува: -          Развиени односи со деловни клиенти; -          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -          Самомотивираност и способност за самостојно работење; -          Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите; -          Добри аналитички способности; -          Висок степен на прецизност; -          Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности; -          Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе; -          Способност за работа со утврдени временски рокови; -          Можност и афинитети за работа на терен; -          Солидно познавање на англиски јазик; -          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери; -          Возачка дозвола „Б“ – категорија.   Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме да ни испратите Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: hr@ccbank.mk   Огласот ќе биде активен заклучно со 26.03.2020 година.   Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.     Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Emil: info@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308

Дополнителни препораки од Народната банка на Република Северна Македонија

3/18/2020

Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина   Почитувани граѓани,   Како дел од мерките и апелите за зголемување на свесноста и одговорноста што сите ние ја имаме во заштитата на здравјето, а во услови на ширење на вирусната инфекција ковид-19, укажуваме и ве информираме за следново: Со оглед на тоа што готовината се смета за еден од честите канали за пренос на инфекцијата, а заради превенција од евентуално пренесување на заразата, повторно апелираме да се намали употребата на готовина, а да се зголеми употребата на платежните картички и останатите алтернативни, електронски начини на извршување на трансакциите. На таков начин ќе го заштитите сопственото здравје, како и здравјето на сите околу вас. Воедно, им препорачуваме на банките да ги разгледаат можностите за намалување на провизиите поврзани со безготовински трансакции. За намалување на ризиците од употребата на денарската готовина, воведовме зајакнати протоколи за постапување, коишто се однесуваат на редовно повлекување на банкнотите и монетите што се во циркулација и нивно чување во карантин пред повторното пуштање во промет, а воедно ги укинавме и повизиите коишто ги наплатуваме од банките за полагање и подигање денарска ефектива. Ваквата процедура ќе се почитува и од страна на банките со кои остваруваме активна комуникација со цел заеднички да обезбедиме сведување на ризиците од контаминација и пренесување на заразата преку готовината којашто е во оптек на најниско ниво. Притоа, би сакале особено да посочиме на претпазливост при користењето на странската готовина (девизи) којашто е внесена од друга држава и носи висок ризик од пренесување на заразата. Препорачуваме неа да ја размените во овластените банки и менувачници, по што ќе се применат посебни мерки за постапување и со оваа готовина, за да се намали можноста за пренесување зарази преку овој канал. Апелираме до сите граѓани да ги следат и да се придржуваат кон препораките од надлежните органи за да се справиме со настанатата состојба што побрзо и поефикасно. Како што е потврдено во многу случаи досега, превенцијата и соодветното следење на препораките се од клучно значење во справувањето со ваквите непогоди.   Кабинет на гувернерот Народна банка на Република Северна Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ НА ЦКБ АД Скопје

3/17/2020

Поради новонастанатата ситуација во државата и препораките на Владата на Р.С. Македонија за применување на мерки за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот, во продолжение се неколку правила за клиентите на ЦКБ АД Скопје кои е потребно да се почитуваат во наредниот период:   ДРЖЕТЕ ПРИСТОЈНА ДИСТАНЦА од вработениот што Ве услужува и од останатите клиенти. (пристојна дистанца се смета растојание од најмалку 1,5метар); ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕ при влез во експозитура; БЕЗ НЕПОСРЕДЕН ФИЗИЧКИ КОНТАКТ со вработените и познаниците во банката; БЕЗ НЕПОТРЕБНО ЗАДРЖУВАЊЕ ВО ЕКСПОЗИТУРИТЕ. Доколку е потребно повеќе време за Вашата услуга, препорачливо е да причекате пред експозитурата; КЛИЕНТИ ШТО ДОАЃААТ ОД РИЗИЧНИ ЗЕМЈИ потребно е да останат во самоизолација и времено да не ги користат услугите на банката со физичко присуство; Почитувајте ги насоките од страна на физичкото обезбедување во однос на број на клиенти кои може да се присутни во експозитурата за добивање услуги; Почитувајте ги насоките од страна на вработените во експозитурата во однос на број на клиенти кои може да се присутни во експозитурата за добивање услуги; Се препорачува користење на електронско банкарство, траен налог, платежни картички, сите алтернативни канали со кои ќе се намали потребата од услуга на шалтер;   Јавното здравје е заедничка одговорност!   Се грижиме за нашите вработени и клиенти!   ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ за корисниците на кредитни картички на ЦКБ

3/12/2020

Почитувани, Во насока на колективните напори за зголемена здравствена превенција, истовремено водејќи грижа за вашето здравје и здравјето на нашите вработени, ви овозможуваме полесен и побезбеден пристап до готовина. Во периодот од 12. до 25. март 2020 година, подигнувањето на готовина со вашите ЦКБ кредитни картички за физички лица, на банкоматите на Банката – ќе биде без провизија! Со почит, ЦКБ АД Скопје

Оглас за вработување

3/12/2020

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Раководител на експозитура во Скопје.   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, месечна нето плата во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.   Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации: -          Најмалку високо образование од областа на економските науки; -          Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи. Избраниот кандидат треба да поседува: -          Развиени односи со деловни клиенти; -          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -          Самомотивираност и способност за самостојно работење; -          Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите; -          Добри аналитички способности; -          Висок степен на прецизност; -          Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности; -          Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе; -          Способност за работа со утврдени временски рокови; -          Можност и афинитети за работа на терен; -          Солидно познавање на англиски јазик; -          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери; -          Возачка дозвола „Б“ – категорија.   Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме да ни испратите Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: hr@ccbank.mk   Огласот ќе биде активен заклучно со 19.03.2020 година.   Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.     Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Emil: info@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308

Известување за скратено работно време

3/11/2020

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека поради новонастанатата ситуација во државата и препораките на Владата на Р.С. Македонија, Банката воведува скратено работно време на одреден период за експозитурите:   Скопје Центар Работното време на експозитурата во периодот од 12.03.2020 до 25.03.2020 година е следното: понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот сабота од 08:00 до 13:00 часот   Скопје Стадион Работното време на експозитурата во периодот од 12.03.2020 до 25.03.2020 година е следното: понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот     Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје  

Оглас за вработување

3/4/2020

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на три лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.    Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок   Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања: -          Најмалку високо образование од областа на економските науки; -          Солидно познавање на англиски јазик; -          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.   Избраниот кандидат треба да поседува: -          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -          Одлични комуникациски способности; -          Позитивен приод кон работата; -          Висок степен на прецизност.   За ова работни места предвидена е основна нето плата од 18.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.   Огласот ќе биде активен заклучно со 11.03.2020 година.   Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.   Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308      

Оглас за вработување

3/2/2020

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Чаир во Скопје.    Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок   Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања: -          Најмалку високо образование од областа на економските науки со две годишно работно искуство; -          Одлично познавање на албански јазик и солидно познавање на англиски јазик; -          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.   Избраниот кандидат треба да поседува: -          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -          Одлични комуникациски способности; -          Позитивен приод кон работата; -          Висок степен на прецизност.   За ова работни места предвидена е основна нето плата од 18.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.   Огласот ќе биде активен заклучно со 06.03.2020 година.   Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.   Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308      

Февруари 2020


ПРАЗНИЧНА ПРОМОЦИЈА!

2/13/2020

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека во периодот од 13.02.2020 год. до 16.02.2020 год., при подигнување на готовина со кредитните картички за физички лица издадени од ЦКБ АД Скопје, на банкоматите на Банката, провизијата ќе биде 0%.   Со почит,  Централна кооперативна Банка АД Скопје

Јануари 2020


Известување за неработен ден

1/3/2020

Почитувани клиенти,   Ве информираме дека по повод Божиќните празници, експозитурите на ЦКБ АД Скопје нема да работат на датум: -     06.01.2020 година (понеделник) и; -     07.01.2020 година (вторник).   На сите припадници на православната вероисповест им го честитаме Божиќ со желби за многу среќа, здравје и успеси!   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје

  • Предходна
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31
  • 32
  • 33
  • 34
  • 35
  • 36
  • 37
  • 38
  • 39
  • 40
  • 41
  • 42
  • 43
  • 44
  • 45
  • 46
  • 47
  • 48
  • Следна


ckb footer logo

icon 1

Str. 1732 No. 2, 1000 Skopje

icon 2

02/3249-300

icon 3 info@ccbank.mk


  • ЗА НАС
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
  • ПРАВНИ ЛИЦА
  • КОНТАКТ


  • facebook
  • instagram

© 2014 Central Cooperative Bank AD Skopje

semos


Currency converter

* Fill in all the fields above before you run the calculation.

Calculate Delete

Дали сте задоволни од професионалноста и љубезноста на вработените во ЦКБ?

Гласај

Site ATMs

Map of Branches