Декември 2015

Известување за работно време на 31.12.2015
12/29/2015
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека на 31.12.2015 година (Нова Година), експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје ќе работат до 13.00 часот.
Истовремено Ве известуваме дека сите експозитури на Банката нема да работат во Сабота 02.01.2015 година.
Вработените и менаџментот на Банката Ви ги честитаат новогодишните празници!
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за работен ден 12.12.2015 (сабота)
12/10/2015
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека на 12 декември 2015 година(сабота) сите експозитури на Централна кооперативна Банка АД Скопје ќе работат со клиенти од 08.00 часот до 13.00 часот.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за неработен ден 08.12.2015
12/7/2015
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), на 08- ми Декември 2015 година (вторник), "Св.Климент Охридски",експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје, нема да работат.
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за неработен ден 02.12.2015
12/1/2015ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека поради спроведување на есенската акцијата „Ден на дрвото”, на 02.12.2015 година (среда), експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје, нема да работат.
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Нови камати
12/1/2015Почитувани клиенти,
Централна кооперативна банка АД Скопје Ве известува дека изврши усогласување на висината на каматните стапки на орочените депозити на физички лица.Новите каматни стапки се со важност од 01.12.2015 година.
Истовремено Ве информираме дека од 01.12.2015 ЦКБ АД Скопје на своите штедачи им овозможи уште една атрактивна можност за долгорочно штедење со гарантирана каматна стапка на ЦКБ Фиксен депозит на 25 месеци.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Ноември 2015

Оглас за вработување
11/17/2015ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Раководител на експозитура: Кавадарци, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, основна нето плата од 20.000 до 40.000 денари и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Развиени односи со деловни клиенти;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Самомотивираност и способност за самостојно работење;
- Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
- Добри аналитички способности;
- Висок степен на прецизност;
- Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
- Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе;
- Способност за работа со утврдени временски рокови;
- Можност и афинитети за работа на терен;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме да ја пополните online апликацијата на нашата Интернет страница www.ccbank.mk во делот „Вработување и пракса“ или пратете Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: hr@ccbank.mk
Огласот ќе биде активен заклучно со 20.11.2015 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Emil: info@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Октомври 2015

Известување за неработен ден 23.10.2015
10/22/2015ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), на 23 Октомври 2015 година (петок), Денот на Македонската револуционерна борба, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје, нема да работат.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
10/19/2015ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа за следниве работни места:
1) Раководител во Експозитура Скопје (Кисела Вода)
Работниот однос е на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е основна нето плата од 20.000 до 40.000 денари и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
- Економски факултет;
- Минимум 3 годишно банкарско работно искуство или искуство во областа на финансиското работење;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Развиени односи со деловни клиенти;
- Одлично познавање на банкарскиот пазар во Скопје;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе;
- Способност за планирање, организирање и анализа;
- Самомотивираност и способност за самостојно работење;
- Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите .
2) Соработник за клиентска услуга:
Експозитура Прилеп
Експозитура Охрид
Филијала Скопје
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е основна почетна нето плата од 15.000 денари како и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со мотивациско писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 26.10.2015 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Известување за неработен ден 12.10.2015
10/9/2015ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод 11-ти Октомври, Денот на народното востание, на 12-ти Октомври, 2015 година (понеделник), експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје