Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа на работно место Соработник за клиентска услуга во Филијала Скопје (4 лица).
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Работно искуство во сегментот продажба ќе се смета за предност;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Прецизност, точност и аналитички пристап во работата;
- Ориентираност кон клиенти;
- Развиени техники и вештини за продажба;
- Позитивен приод кон работата;
- Лијалност и професионален однос.
За ова работно место предвидена е солидна основна нето плата како и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 05.11.2017 година.
Кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.