Декември 2023
Известување за неработен ден
12/29/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод Новогодишните празници, експозитурите на Банката нема да работат на датум:
- 01.01.2024 година (понеделник).
Ви ги честитаме Новогодишните празници и Ви посакуваме успешна и среќна година.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Оглас за вработување
12/29/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Чаир во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки со две годишно работно искуство;
- Одлично познавање на албански јазик и солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работно место предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.01.2024 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Известување за нова регулатива
12/28/2023Почитувани клиенти,
Ве информираме дека согласно последните измени во законската регулативата донесени од НБРСМ, почнувајќи од 01.01.2024 година, Банката ќе започне со примена на нов начин на утврдување на нефункционалните изложености на кредитокорисниците.
Промените во регулативата го заоструваат третманот кон кредитокорисниците кои бележат последователни доцнења во отплатата на доспеаните обврски кон Банката и за разлика од досегашниот поединичен пристап - ќе имаат свои импликации врз вкупната кредитна изложеност на клиентот, односно за сите кредитни продукти кои ги користи.
Согласно одредбите од новата регулатива, за нефункционална изложеност ќе се смета доспеаниот долг во повеќе од 90 последователни денови, при што треба да се исполнети следните кумулативни услови:
вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 6.000 МКД за физички лица (или 30.000 МКД за правни лица), и истовремено
вкупните доспеани обврски требаа да надминуваат 1,00% од целокупната искористена кредитна изложеност на клиентот во Банката, вклучувајќи ги тука и провизиите и надоместите.
Доколку се утврди нефункционална изложеност за еден кредитен продукт, ист статус ќе здобијат и сите други користени кредитни продукти во Банката.
Силно препорачуваме одговорно и пресметано задолжување, навремено и редовно подмирување на сите Ваши обврски кон Банката, се со цел одржување кредитна историја на редовен отплаќач, висок кредитен рејтинг и задржан потенцијал за натамошна кредитна подршка
За повеќе информации, Ви стоиме на располагање во нашата деловна мрежа или во централата на Банката.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за работно време филијала Центар
12/28/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод Новогодишните празници, работното време на филијала Центар е следно:
- 29.12.2023 година (петок), скратено работно време од 08:00 до 16:00 часот;
- 30.12.2023 година (сабота), редовно работно време од 08:00 до 13:00 часот;
Ви ги честитаме Новогодишните празници и Ви посакуваме успешна и среќна година.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии
12/28/2023Средствата по основ на пензии за месец декември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 29.12.2023 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 29.12.2023 година.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за неработен ден
12/7/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник “Св. Климент Охридски”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум 08.12.2023 година (петок).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец ноември
12/4/2023Средствата по основ на примања од социјални права за месец ноември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 05.12.2023 година (вторник).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.12.2023.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 05.12.2023 (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 06.12.2023 (среда) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ноември 2023
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии
11/30/2023Средствата по основ на пензии за месец ноември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 01.12.2023 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.12.2023 година.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Оглас за вработување
11/30/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработувалица на работна позиција Раководител на експозитураво Скопје.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, месечна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Развиени односи со деловни клиенти;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Самомотивираност и способност за самостојно работење;
- Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
- Добри аналитички способности;
- Висок степен на прецизност;
- Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
- Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе;
- Способност за работа со утврдени временски рокови;
- Можност и афинитети за работа на терен;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме да ни испратите Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: hr@ccbank.mk
Огласот ќе биде активен заклучно со 10.12.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Известување за работно време
11/28/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека работното време на Филијала Скопје Центар за деновите 29.11.2023(среда) и 30.11.2023(четврток) ќе биде од 08.00 до 16.00 часот.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Октомври 2023
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии
10/31/2023Средствата по основ на пензии за месец октомври ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 01.11.2023 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.11.2023 година.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за неработен ден
10/20/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на македонската револуционерна борба, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум:
- 23.10.2023 година (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна Банка ад Скопје
Известување за неработен ден
10/10/2023Почитувани,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на народното востание, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на датум:
- 11.10.2023г. (среда).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Оглас за вработување
10/10/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 18.10.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец септември
10/4/2023Средствата по основ на примања од социјални права за месец септември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 05.10.2023 година (четврток).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.10.2023.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 05.10.2023 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 06.10.2023 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје