Јануари 2018

Известување за неработен ден
1/17/2018Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод престојниот празник Богојавление(Водици), експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на 19.01.2018 (Петок).
Централна кооперативна Банка АД Скопје

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
1/16/2018Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Стручен соработник – проценител на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Минималната нето плата предвидена за ова работно место изнесува 35.000 денари, со тоа што може да се договори и повисок износ во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот, а главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на изготвување на нови процени на имот, правење на репроцени на имот и ревизија на процени на имот согласно потребите на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Лиценца за овластен проценител;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категирија (искусен возач).
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Солидни комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 28.01.2018 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Известување за неработен ден
1/4/2018Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод Божиќните празници, експозитурите на Банката нема да работат на 6 јануари 2018 година (сабота) и 8 јануари 2018 година (понеделник).
Вработените и менаџментот на Банката Ви ги честитаат празниците!
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје