Февруари 2017

Нов организационен дел на ЦКБ
2/22/2017Почитувани,
Ве известувамe дека Централна кооперативна банка АД Скопје ја проширува својата деловна мрежа со нов организационен дел во деловните простории на СИЗ Америт, на Ул.1506 број 22, Скопје.(Момин Поток).Телефон за контакт 078/343-559
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
2/21/2017Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа на работно место Соработник за платен промет во Служба за платен промет во земјата:
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следниве работни задачи:
- прием и обработка на налози за плаќање вклучувајќи и масовни операции за исплата на плата поднесени од учесниците во платниот промет, како и прием, евиденцијата и решавањето на рекламациите од извршениот платен промет;
- комуникација со платните системи во РМ (КИБС, МИПС), подготвување, праќање и примање на пратки;
- подготовка на дневни и месечни извештаи и прегледи за извршениот платен промет и нивно доставување до НБРМ и органите на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- најмалку 2 години работно искуство од областа на банкарството;
- VII/1 степен - универзитетско образование, факултет за економски науки;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Добри аналитички способности;
- Способност за работа со утврдени временски рокови;
- Способност за работа под притисок
За ова работни места предвидена е основна почетна нето плата од 25.000 денари. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 28.02.2017 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
2/15/2017ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани клиенти,
Со задоволство Ве известуваме дека заврши реновирањето на експозитура Куманово со адреса 11 октомври бр.7. Експозитурата повторно ќе започне да работи со клиенти од четврток 16.02.2017 година.
Ве очекуваме на истата локација во реновирани простории по највисоки банкарски стандарди.
Ви благодариме на довербата!
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Оглас за вработување
2/8/2017Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа за следниве работни места:
1. Соработник за клиентска услуга во експозитури во Скопје – 5 лица
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
2. Соработник за работа во благајна во експозитури во Скопје – 3 лица
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Високо образование од областа на економските науки или завршено средно економско училиште со најмалку тригодишно искуство со работа во благајна;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност во работењето
За овие работни места предвидена е основна почетна нето плата од 15.000 денари како и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.02.2017 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Станбен кредит
2/2/2017ПРОМОЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА!
Не дозволувајте вашиот дом од соништата да остане само сон. ЦКБ Ви нуди станбен кредит со најповолни кредитни услови.
Подетални информации на следниот линк: https://goo.gl/EZgQ6A

Хипотекарен кредит
2/2/2017Дозволете си го се она што го посакувате. Ви нудиме хипотекарен кредит на ЦКБ со најповолни кредитни услови.
Подетални информации на следниот линк: https://goo.gl/93tJix
2/2/2017ВИ ВОЗВРАЌАМЕ НА ДОВЕРБАТА! Празничен пакет „Доверба“ со најдобрите услови до сега.
Погледнете ја нашата понуда на следниов линк: https://goo.gl/ZKmrYt
Декември 2016

Известување
12/29/2016Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека на 30.12.2016 година, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје ќе работат до 16.00 часот.
Истовремено Ве известуваме дека сите експозитури на Банката нема да работат во Сабота 31.12.2016 година и Понеделник 02.01.2017
Вработените и менаџментот на Банката Ви ги честитаат новогодишните празници!
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Промотивен период
12/26/2016Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека во периодот од 27.12.2016 до 15.01.2017 година, подигнувањето на готовина на банкоматите на банката - со Вашите кредитни картички издадени од ЦКБ АД Скопје, ќе биде без провизии. Ви посакуваме безгрижен празничен шопинг.
*Поволноста се однесува само за кредитни картички на физички лица.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Оглас за вработување
12/21/2016
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за проценка на имот.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е основна нето плата од 15.000 до 20.000 денари, а главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на учество во изготвување на нови процени на имот, правење на репроцени на имот и ревизија на процени на имот согласно потребите на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование стекнато на Градежен факултет – отсек градежништво или Архитектонски факултет;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категирија (искусен возач)
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Солидни комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 31.12.2016 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Известување за неработен ден (08.12.2016)
12/7/2016Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека на 8 декември 2016 година (четврток), по повод празникот ‘’Св. Климент Охридски”, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Ноември 2016

Ден на дрвото
11/30/2016
Почитувани,
Ве известуваме дека денес (11.30.2016) - Ден на дрвото, е работен ден за сите експозитури на Централна кооперативна банка.
Имајте убав и пријатен ден
Централна кооперативна банка

Оглас за вработување
11/17/2016Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник - проценител.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е основна нето плата од 15.000 до 20.000 денари, а главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на учество во изготвување на нови процени на имот, правење на репроцени на имот и ревизија на процени на имот согласно потребите на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование стекнато на Градежен факултет – отсек градежништво или Архитектонски факултет;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категирија (искусен возач)
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Солидни комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 27.11.2016 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Оглас за вработување
11/17/2016Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Стручен соработник за администрирање на бази на податоци во Дирекцијата за информатички технологии на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
Инсталација и одржување на Oracle база на податоци
Планирање и изработка на backup процедури
Оптимизација и унапредување на перформанси на системот на Банката
Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите
Проактивен мониторинг на базата на податоци
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Минимум 2 години работно искуство во Oracle околина;
- Искуство во работа со големи бази на податоци;
- Искуство во пишување на PL/SQL процедури, функции, пакети и тригери;
- Искуство во набљудување и подобрување на перформансите на процедури, функции, пакети и тригери;
- Искуство во користење и одржување на Апликациски сервери (Red Hat Debian ...);
- Искуство во креирање, користење и одржување на Web сервиси;
- Искуство во пишување и одржување на Linux OS скрипти;
- Најмалку високо образование од областа на информатички технологии;
- Солидно познавање на англиски јазик.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники, технологии и околини за развој на софтвер
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 27.11.2016 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Известување
11/10/2016Почитувани клиенти,
Со задоволство Ве известуваме дека поради реновирање експозитурата Куманово со адреса 11 октомври бр.7 ќе работи со клиенти заклучно со среда 16.11.2016 година.
По завршувањето на реновирањето Ве очекуваме на истата локација во реновирани простории по највисоки банкарски стандарди.
За сите услуги на Банката Ви стоиме на располагање во главната филијала на Централна кооперативна Банка АД Скопје во Куманово на ул. Вардарска 1.
Ви благодариме на довербата!
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Најдобри службеници во деловната мрежа за 2016 година
11/1/2016
Почитувани,
Ве известувамe дека традиционално секоја година за 31 октомври (Ден на штедење) во Банката се избираат најдобрите службеници во деловната мрежа. Оваа година избрани се: 1. Ива Атанасовска – филијала Скопје Центар; 2. Елена Андреева – експозитура Велес;
Им честитаме на вработените за постигнатиот успех.

Промотивна понуда за штедење во евра
11/1/2016Подетални информации на следниот линк: http://www.ccbank.mk/%D1%81%D1%83%D0%BF%D0%B5%D1%80_%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE_%D0%B4%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%82.aspx