Мај 2021

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
5/28/2021Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Одговорен за сигурност на информативниот систем (ОСИС).
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Управува и ja организира сигурноста на информативниот систем на Банката;
- Се грижи за безбедноста на Банката во текот на 24 часа;
- Управува и го организира физичкото и техничкото обезбедување со цел заштита на клиентите, вработените и имотот на Банката;
- Предлага и организира активности и контроли за превенција и намалување на ризикот од инциденти и загрозување на безбедноста на Банката и штетни последици за Банката, вработените и клиентите;
- Одговорен за редовно информирање на надлежните органи на Банката за прашања поврзани со информативната сигурност;
- Соработува со државни и други органи;
- Зголемување на степенот на безбедносната култура на вработените;
- Одговорен за контрола на системите за техничка заштита и физичко обезбедување;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Високо стручно образование,Универзитетска диплома од областа на информатичките науки;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи;
- Познавање и искуство во техничко и физичко обезбедување;
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема;
- Познавање на релевантната законска регулатива;
- Одлично познавање на англиски јазик (вербално и писмено), како и напредно користење на MS Office;
- Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат како значајна предност;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Способност за работа под притисок;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Поседување возачка дозвола;
За ова работно место месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.06.2021 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Известување за предвремена исплата на пензии
5/25/2021Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец мај ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 26.05.2021 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 26.05.2021.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
26.05.2021г. (среда) 27.05.2021г. (четврток) 28.05.2021г. (петок) 31.05.2021г. (понеделник)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје

Известување за неработен ден
5/21/2021Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат во понеделник (24.05.2021 година).
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за неработен ден
5/12/2021Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник Рамазан Бајрам, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат во четврток (13.05.2021 година).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Оглас за вработување
5/7/2021Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на македонски и албански јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Работно искуство најмалку 1 година;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата од 18.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 18.05.2021 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Април 2021

Известување за неработни денови
4/29/2021Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојните Велигденски и Првомајски празници, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на следните датуми:
- 30.04.2021 (петок);
- 01.05.2021 (сабота);
- 03.05.2021 (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец април
4/29/2021
Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец април ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.05.2021 година (вторник).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 04.05.2021.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 04.05.2021 (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 05.05.2021 (среда) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Известување за предвремена исплата на пензии
4/23/2021
Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец април ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 26.04.2021 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 26.04.2021.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
26.04.2021г. (понеделник) 27.04.2021г. (вторник) 28.04.2021г. (среда) 29.04.2021г. (четврток)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец март
4/5/2021Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец март ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 05.04.2021 година (понеделник).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 05.04.2021.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 05.04.2021 (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 06.04.2021 (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Март 2021

Известување за нова локација на банкомат на ЦКБ
3/26/2021Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека ЦКБ постави нов банкомат на следната локација: во просториите на маркетот Рамстор Капиштец, ул. Васил Ѓоргов бр. 20А, Капиштец - Скопје.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за предвремена исплата на пензии
3/26/2021
Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец март ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 29.03.2021 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 29.03.2021.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
29.03.2021г. (понеделник)30.03.2021г. (вторник)31.03.2021г. (среда)01.04.2021г. (четврток)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје

Оглас за вработување
3/23/2021Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Крива Паланка.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 17:00 часот
Неделно работно време: понеделник – сабота
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата од 18.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 31.03.2021 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Известување за услугата издавање на Сопствен извештај од Македонско кредитно биро
3/18/2021Почитувани клиенти,
Ве информираме дека Централна коооперативна банка АД Скопје почнувајќи од 08.03.2021 година започна соработка со Македонското кредитно биро АД Скопје со која ќе понуди нова услуга за издавање на Сопствен извештај од МКБ за сите физички и правни лица преку деловната мрежа на Банката.
ЦКБ АД Скопје е прва банка во банкарскиот сектор која ја нуди оваа услуга на сите физички и правни лица без оглед дали истите се клиенти на Банката. Секое правно или физичко лице со поднесување соодветно барање во една од експозитурите на Банката на брз и едноставен начин ќе го добие сопствениот извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје без да има потреба да се обрати директно во просториите на МКБ АД Скопје.
Со оваа услуга, ЦКБ АД Скопје ја зголемува понудата на банкарски услуги кои се целосно ориентирани кон потребите на постоечките и потенцијалните клиенти што е една од главните цели на Банката.
Повеќе информации на следниот линк: https://mkb.mk/sopstven-izveshtaj-fizicki-lica/
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец февруари
3/3/2021Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец февруари ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.03.2021 година (четврток).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 04.03.2021.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 04.03.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 05.03.2021 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје