НАМЕНА И ПАРАМЕТРИ НА КРЕДИТОТ
Овој пакет е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на Банката, државни службеници согласно со Законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиската полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во Банката, вработени на определено во континуитет најмалку 12 месеци пред аплицирање.
Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка. Максималниот одобрен износ на средства на пакетот не може да биде повисок од 2 000 000 МКД, но не повеќе од 50 нето плати вкупно за пакетот „Доверба“, од кои најмногу до 10 нето плати како лимити за картични производи.
Износ на кредитот - Максимален износ до 2 000 000 МКД, но не повеќе од 50 нето плати вкупно за пакетот „Доверба“, од кои најмногу до 10 нето плати како лимити за картични производи.
Рок на кредитот - Максимален рок до 120 месеци
Грејс период - Грејс период до 6 месеци
Услови за кредитобарателот:
- сте во редовен работен однос на неопределено време во фирмата најмалку 6 месеци пред поднесување на барањето за кредит;
- сте вработен на определено во континуитет најмалку 12 месеци пред аплицирање;
- во случај месечната рата за кредитот заедно со сите други задршки од плата да не надминува половина од месечните приходи на кредитобарателот, последната рата од кредитот може да биде максимум до исполнување на 70 годишна возраст на кредитобарателот;
- Вкупните месечни обврски по кредити и картички, вклучувајќи ја тука и новата изложеност не смеат да надминуваат ½ од месечните приходи
РЕДОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ
За кредитобаратели кои платата ја примаат на сметка во Банката и на кои истовремно ќе им биде одобрено дозволено пречекорување во висина од најмалку една нето плата
За кумулативни изложености до 1 000 000 мкд или кумулативни изложености над 1 000 000 мкд, но за кои е обезбеден жирант, при што рокот на кредитот е до 95 месеци:
- 5,80% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите две години
*Дозволени се дополнителни намалувања на горенаведената каматна стапка во следните случаи:
- минус 0,20 п.п за апликации со обезбеден жирант/авалист или при рефинансирање во други банки или штедилници со најмалку 50% од кредитот
- минус 0,40 п.п за апликанти со месечни приходи над 42.000 мкд или за апликанти со винкулирана ризико полиса во корист на Банката
- 6,30% (референтна каматна стапка од 2,33% + 3,97% фиксен дел) променлива каматна стапка на годишно ниво, по истекот на првите две години
За изложености над 1 000 000 мкд без обезбеден жирант, за кредити со рок над 95 месеци, како и за рефинансирање на постоечки изложености во Банката со над 50% од новоодобрениот кредит:
- 5,80% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите две години со винкулирана ризико полиса
- 6,30% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите две години без ризико полиса
- 6,30% (референтна каматна стапка од 2,33% + 3,97% фиксен дел) променлива каматна стапка на годишно ниво, по истекот на првите две години
За кредитобаратели кои платата не ја примаат на сметка во Банката
- 7,50% (референтна каматна стапка од 2,33% + 5,17% фиксен дел) променлива каматна стапка на годишно ниво за цел период
Најниската фиксна каматна стапка почнува од 5,20%.
Сите погоренаведени каматни стапки се дадени во апсолутен износ, а нивната структура се формира согласно усвоената методологија на Банката.
* Преглед на референтни каматни стапки
РЕДОВНИ ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ
- 1500 мкд провизија за аплицирање
- 1% провизија за обработка еднократно
- 1,5% управувачка провизија за првиот месец и 0,01% за секој нареден месец
СТАПКА НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ
СВТ при промотивни услови:
5,56% - за кредит во износ од 600 000 МКД, со рок на враќање од 95 месеци со фиксна каматна стапка од 5,00% за првите 2 години, а потоа 5,40% променлива каматна стапка. Вкупните трошоци ќе изнесуваат 138.504 мкд.
* За добивање на кредит со промотивни услови, клиентот е должен да склучи договор за ризико полиса, винкулирана во корист на банката, со соодветна осигурителна компанија. Трошокот е на терет на клиентот и истиот го одредува осигурителната компанија.
СВТ при редовни услови:
6,31% - за кредит во износ од 600 000 МКД, со рок на враќање од 95 месеци со фиксна каматна стапка од 5,20% за првите 2 години, а потоа 6,30% променлива каматна стапка. Вкупните трошоци ќе изнесуваат 157.993 мкд.
*Примерот се однесува за апликации со обезбеден жирант/авалист или при рефинансирање во други банки или штедилници со најмалку 50% од кредитот и во случај на апликанти со месечни приходи над 42 000 мкд или за апликанти со винкулирана ризико полиса во корист на Банката
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Обезбедување:
- Без жиранти за кредити со износ до 1 100 000 мкд со солемнизација на договорот за кредит - само за клиенти кои ќе докажат дека лично поседуваат имот или ќе понудат солидарен должник кој ќе докаже дека поседува имот. Над предвидениот износ потребен е најмалку 1 жирант.
- Без жиранти за сите клиенти кои аплицираат за кредити со износ до 1 500 000 мкд (но не повеќе од 37 месечни примања), во случаи кога вкупните месечни обврски по ануитети не надминуваат 30% од месечните приходи.
- Без жиранти до 1 275 000 мкд во случај кога месечните обврски на кредитобарателот не надминуваат повеќе од 50% од месечните приходи или 55% за долунаведените случаи:
- За вработени во МВР вкупните месечни обврски по ануитети може да достигнат најмногу до 55% од остварените месечни приходи за кредити до износ од 1 275 000 мкд
- За постоечките клиенти на Банката кои редовно плаќаат кредити во истата најмалку 18 месеци и имаат месечни приходи над 26 000 мкд, вкупните месечни обврски по ануитетите може да достигнат најмногу до 55% од остварените месечни приходи за износи на кредит до 1 275 000 мкд
- За клиентите кои ќе обезбедат кредитоспособен жирант - вкупните месечни обврски по ануитети може да достигнат најмногу до 55% од остварените месечни приходи за износи на кредити до 1 275 000 мкд
- За клиенти со месечни приходи под 19 400 мкд задолжителен е жирант и максималните месечни обврски по ануитети можат да бидат најмногу до 40% од износот на месечните приходи
- Дополнителни услови: Издавање на златни кредитни картички Мaster Card со минимален износ на лимит од 300 000 мкд, но да не надминува повеќе од 400 000 мкд, за одобрени кредити од кредитен пакет „Доверба“, на кредитокорисници со месечен приход над 40 000 мкд или вкупен месечен семеен приход над 60 000 мкд.
ЕКСПОЗИТУРИ