Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Лице одговорно за сигурност на Информативниот систем - ОСИС воДирекција за контрола на усогласеност на работењето на Банката и спречување перење пари и финансирање тероризам СППФТ и ОСИС.
Локација: Скопје
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Анализа и проценка на ризиците кон информативниот систем на Банката во согласност со процесот на информативна сигурност;
- Креирање, имплементација и развој на целокупен процес на информативна сигурност;
- Креирање, имплементација, унапредување и развој на Планот за континуитет во работењето и Планот за санација на катастрофа;
- Координирање на сите сигурносни активности на системот на Банката;
- Одобрување на промени кои се изведуваат на информативниот систем на Банката;
- Одобрување на привилегиран пристап до системот на Банката;
- Ревизија на инциденти поврзани со нарушувања на сигурноста на информативниот систем, слабостите и грешките на системот на Банката, вклучувајќи и соработка со МВР/НБРСМ;
- Подигање на свеста за сигурност на информативниот систем и организација на тренинзи и обука на вработените за сигурност;
- Помош при извршувањето на ревизии и проверки на сигурноста на информативниот систем, оценка и управување со имплементацијата на корективната акција на системот на Банката;
- Разгледување на сите ревизорски траги (аудит логс) и контролни дневници (логс) кои се водат на ниво на Банка за одреден период и осигурување дека тие редовно се одржуваат;
- Разјаснување на сите нејаснотии во поглед на сигурноста на информативниот систем на лицата кои работат на системот на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование (Факултет од областа на информатиката или друго релевантно високо образование);
- Најмалку 3 години работно искуство од областа на информатиката, финансиите или банкарството;
- Познавање методологии и алатки за анализа на ризици;
- Добро познавање на хетерогени системски платформи и мрежна инфраструктура, специјализирани ИТ алатки и техники за сигурност и заштита;
- Познавање на базелски принципи и меѓународни стандарди за сигурност на информативни системи;
- Одлично познавање на англискиот јазик.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Способност за идентификување на деловни и ИТ ризици;
- Способност за поставување и одржување на позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Способност да влева доверба и сигурност, да планира и имплементира промени;
- Способност да објаснува и да ги документира новите концепти и проекти;
- Способност да размислува стратешки, да има добри организациски способности и способност да носи одлуки.
- Способност да организира и да води тимска работа;
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 30.11.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308