Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Помлад соработник - Администратор на мрежи и сигурност во Дирекција за информатички технологии.
Локација: Скопје
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Секојдневно следење (мониторинг) на перформансите, достапноста и сигурноста на мрежната инфраструктура (рутери, свитчеви, firewall);
- Основна администрација и конфигурација на мрежна опрема согласно постоечките упатства и процедури;
- Имплементација на правила и конфигурации на уредите за мрежна сигурност (Firewall, Proxy) согласно дефинираните безбедносни политики;
- Редовно креирање на сигурносни копии (backup) од конфигурациите на мрежните уреди;
- Решавање на основни мрежни проблеми (проблеми со поврзување, пристап до интернет) и пружање техничка поддршка на вработените;
- Администрација на кориснички пристапи до мрежата, вклучувајќи VPN пристап;
- Асистенција при управување со мрежни ресурси како што се IP адреси, VLAN-ови и DHCP и слично;
- Помош при креирање и ажурирање на техничка документација и дијаграми на мрежата;
- Остварување на техничка комуникација со интернет провајдери и добавувачи за решавање на пријавени проблеми (отворање на технички случаи - tickets);
- Учество во тестирање на процедурите за опоравување од катастрофи (Disaster Recovery);
- Основно администрирање на серверски оперативни системи поврзани со мрежните сервиси (како секундарна активност).
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование (Факултет од областа на информатичките технологии);
- Најмалку 1 година релевантно работно искуство од областа ќе се смета за предност;
- Познавање на современи и класични алатки за поддршка на развојот на програмската опрема;
- Познавање на системи за управување со бази на податоци;
- Познавање на интерни развојни методологии;
- Одлично познавање на англискиот јазик.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Способност за водење на проекти;
- Способност за поставување и одржување на позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 30.11.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308