Почитувани,
Ве известуваме дека ЦКБ АД Скопје изврши измени и дополнувања на Тарифата на надоместоци и Општите услови за склучување рамковни договори за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги како составен дел на Рамковниот договор за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги.
Измените во Тарифата на надоместоци се однесуваат на воведување на надоместоци на приливни и одливни трансакции во Единствената област за плаќања во евра СЕПА.
Со приклучувањето кон СЕПА, Банката ќе им овозможи на своите корисници да вршат и примаат плаќања во евра, со истата ефикасност и ниски надоместоци како и домашните трансфери.
Променетите Општи услови и Тарифа на надоместоци може да ги подигнете печатени на хартија во експозитурите на Банката, а истите се достапни и на интернет страната на Банката во делот за Платежни услуги во земјата и Платежни услуги со странство.
Промените ќе се применуваат од 06.10.2025 година.
Доколку пред датумот на примена на измените не ја известите Банката дека ги одбивате измените и не доставите барање за раскинување на Рамковниот договор, Банката ќе смета дека ги прифаќате предложените измени.
Доколку не ги прифатите предложените измени имате право да го раскинете Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените без да платите надоместок за раскинувањето.
За сите дополнителни прашања и консултации, Ви стоиме на располагање.
Ви благодариме на соработката.
Со почит,
Централна Кооперативна Банка АД Скопје