Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за работа на благајна во Експозитура Кратово.
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Извршување на готовински и безготовински денарски и девизни трансакции, вклучително и менувачко работење;
- Отворање и затворање на трансакциски сметки за физички и правни лица;
- Почитување на пропишаните лимити за готовина и одржување на минимално потребниот износ во касата;
- Усогласување и затворање на благајната со целосна одговорност за точноста на средствата;
- Ажурирање на податоци и одржување уредна евиденција и документација поврзана со трансакциите;
- Менторска поддршка за нововработени во делот на благајничкото работење;
- Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Најмалку средно образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен пристап кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 17.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308