Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за човечки ресурси - Скопје
Работниот однос е на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Водење на целокупниот процес на регрутација и селекција на кандидати за вработување, согласно потребите на Банката;
- Подготовка и објавување на огласи за вработување, како и пронаоѓање на кандидати преку различни канали за регрутација;
- Одржување и ажурирање на база на апликации за вработување;
- Внесување и ажурирање на податоци за вработените во софтверски апликации за човечки ресурси и уредно водење на персонални досиеја;
- Спроведување активности за воведување на нововработени во работниот процес;
- Учество во креирање и реализација на програми за обука, согласно потребите на организациските единици на Банката;
- Учество во реализација на менторската програма, во координација со релевантните организациски единици;
- Вклучување во креирање и имплементација на програми за мотивација на вработените;
- Учество во организација и реализација на настани за вработените;
- Спроведување интервјуа за задржување, како и излезни интервјуа со вработените;
- Извршување административни задачи (подготовка на договори за вработување, анекси, потврди за работен однос, обработка на боледувања и слично).
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование;
- Најмалку 2 години релевантно работно искуство од областа на човечките ресурси ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- способност за тимска работа;
- самоиницијативност;
- организациски и аналитички способности;
- одговорност и лојалност;
- поставување и одржување на позитивни работни врски со вработените и надворешните соработници;
- ефективна комуникација;
- креативност и иновативност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 17.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308