Средствата по основ на примања од социјални права за месец декември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 05.01.2024 година (петок).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.01.2024.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 05.01.2024 (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 09.01.2024 (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје