Почитувани клиенти,
Ве информираме дека согласно последните измени во законската регулативата донесени од НБРСМ, почнувајќи од 01.01.2024 година, Банката ќе започне со примена на нов начин на утврдување на нефункционалните изложености на кредитокорисниците.
Промените во регулативата го заоструваат третманот кон кредитокорисниците кои бележат последователни доцнења во отплатата на доспеаните обврски кон Банката и за разлика од досегашниот поединичен пристап - ќе имаат свои импликации врз вкупната кредитна изложеност на клиентот, односно за сите кредитни продукти кои ги користи.
Согласно одредбите од новата регулатива, за нефункционална изложеност ќе се смета доспеаниот долг во повеќе од 90 последователни денови, при што треба да се исполнети следните кумулативни услови:
- вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 6.000 МКД за физички лица (или 30.000 МКД за правни лица), и истовремено
- вкупните доспеани обврски требаа да надминуваат 1,00% од целокупната искористена кредитна изложеност на клиентот во Банката, вклучувајќи ги тука и провизиите и надоместите.
Доколку се утврди нефункционална изложеност за еден кредитен продукт, ист статус ќе здобијат и сите други користени кредитни продукти во Банката.
Силно препорачуваме одговорно и пресметано задолжување, навремено и редовно подмирување на сите Ваши обврски кон Банката, се со цел одржување кредитна историја на редовен отплаќач, висок кредитен рејтинг и задржан потенцијал за натамошна кредитна подршка
За повеќе информации, Ви стоиме на располагање во нашата деловна мрежа или во централата на Банката.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје