Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува едно лице за работно место Секретар на Надзорен одбор во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Надзорниот одбор на Банката;
- Учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Собранијата на акционерите на Банката;
- Учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на другите органи на Банката , кога е потребно или по налог;
- Присуствува на седниците на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија и ги изготвува записниците ;
- Се грижи и одговара за уредно водење на деловодните книги и целокупната евиденција и го организира чувањето на документација од Надзорниот одбор на Банката, Одборот за ревизија, Собранијата на акционери др. органи на Банката кога е потребно или по налог;
- Соработува со останатите дирекции и/или организациони единици на Банката во работите кои се однесуваат или се поврзани во врска со работата на органите на Банката;
- Врши и други работни задачи поврзани со неговиот делокруг на работа дефиниран во Правилникот за систематизација
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации, вештини и способности:
- Високо стручно образование од областа на правни, филолошки и други општествени или економски науки;
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност:
- Одлично познавање и работа на MS Office;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Високо ниво на професионалност и дискретност;
- Самоиницијативност лојалност и одговорност во извршувањето на работните задачи;
- Способност за работа ефективно самостојно и како дел од тим, со одржување на добри меѓучовечки односи ;
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 10.11.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е до 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308