Централна кооперативна банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија се вклучува во реализацијата на „Деновите на финансиската писменост“, кои ќе се одржат во земјава, од 24. до 26. ноември 2020 година, во организација на Народната банка и другите регулаторни финансиски институции.
За оваа прилика во филијалите на нашата банка, граѓаните ќе можат во непосредна комуникација со нашите вработени да ги добијат сите информации кои им се потребни, а се однесуваат на нашата работа и продуктите коишто ги нудиме, како и информации за современите начини на плаќање, можностите за управување со долг итн.
Нашата банка во согласност со своите можности ќе овозможи за сите нивни барања за информации од областа на нашето работење, граѓаните да бидат информирани или советувани од соодветно едуцирани кадри.
Народната банка, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска на следниве теми:
Монетарна политика – 24 ноември;
Финансиска стабилност – 25 ноември и
Платен систем и платежни услуги – 26 ноември.
Презентациите ќе се одржуваат преку интернет со почеток во 14 часот.
Повеќе информации на следниот линк: http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-denovi-na-finansiskata-pismenost-javen-povik-do-site-zainteresirani-gragani-2020.nspx