Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец октомври ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 06.11.2020 година (петок).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 06.11.2020.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 3 групи:
1. 06.11.2020г. (петок) - А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
2. 09.11.2020г. (понеделник) - И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
3. 10.11.2020г. (вторник) - П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје