Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место Кредитен аналитичар во Scoring центар во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Работното место воглавно ги опфаќа следниве активности:
- поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
- информирање на своите претпоставени за сите активности и за други значајни проблеми од областа на работењето на организационата единица;
- прием на комплетни кредитни барања за нивна натамошна обработка;
- контрола и верификација на комплетност и уредност на барањата;
- контрола на првичната анализа на барањата и дополнителна анализа во скоринг модел;
- одлучување по кредитни барања во рамки на зададени овластувања;
- комуникација со деловните единици од кои произлегуваат барањата;
- анализирање на работата и давање на предлози и решенија;
- познавање и следење на промените во законската регулатива, подзаконските акти и останати прописи од доменот на работење и овозможување на нивна примена во работењето од страна на вработените;
- извршување на други должности, задачи и проекти делегирани од страна на повиски органи во согласност со правилата на Банката.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е нето плата од 27.000 – 35.000 мкд во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Добри аналитички способности;
- Висок степен на прецизност;
- Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
- Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
- Способност за работа со утврдени временски рокови;
- Способност за работа под притисок.
- Работно искуство најмалку 2 години од областа кредитирање и кредитна анализа на физички лица;
- Самомотивираност и способност за самостојно работење;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „За оглас – Кредитен аналитичар во Scoring центар“.
Огласот ќе биде активен заклучно со 13.10.2020 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308