Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец јуни ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 26.06.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 26.06.2020.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари 26.06.2020г. (петок)
2. 11.001-14.000 денари 29.06.2020г. (понеделник)
3. 14.001-18.000 денари 30.06.2020г. (вторник)
4. Над 18.001 денари 01.07.2020г. (среда)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје