Како и секоја година, одбележувајќи го светскиот ден на штедењето, Централна кооперативна банка АД Скопје ги избра најдобрите банкарски службеници, кои се истакнаа во своето работење и покажаа високи остварувања во делот на клиентската услуга и продажбата за 2017/2018 година.
Им честитаме на Александра Пачемски – стручен соработник за клиeнтски услуги во експозитурата Стадион и Марија Кљонкова – стручен соработник за клиентски услуги во експозитурата Инвалидски Дом и им посакуваме успех во понатамошното работење!