Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа на работно место Соработник за платен промет во Служба за платен промет во земјата:
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следниве работни задачи:
- прием и обработка на налози за плаќање вклучувајќи и масовни операции за исплата на плата поднесени од учесниците во платниот промет, како и прием, евиденцијата и решавањето на рекламациите од извршениот платен промет;
- комуникација со платните системи во РМ (КИБС, МИПС), подготвување, праќање и примање на пратки;
- подготовка на дневни и месечни извештаи и прегледи за извршениот платен промет и нивно доставување до НБРМ и органите на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- најмалку 2 години работно искуство од областа на банкарството;
- VII/1 степен - универзитетско образование, факултет за економски науки;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Добри аналитички способности;
- Способност за работа со утврдени временски рокови;
- Способност за работа под притисок
За ова работни места предвидена е основна почетна нето плата од 25.000 денари. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 28.02.2017 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308