Централна кооперативна банка АД Скопје изврши дополнување на Тарифата за корисниците на платежни картички. Почнувајќи од 01.11.2014 година ќе се наплатува услугата проверка на состојба на сметка на банкомат. Надоместокот за проверка на состојба на сметка на банкомат за дебитни картички изнесува:
- на банкомат на банката 5 мкд,
- на банкомат на друга банка 10 мкд.
За кредитни картички за физички лица:
- на банкомат на банката 10 мкд,
- на банкомат на друга банка 20 мкд.
За кредитни картички за правни лица:
- на банкомат на банката 20 мкд,
- на банкомат на друга банка 30 мкд.
Ви благодариме што ги користите нашите производи и услуги. За дополнителни информации посетете ја нашата web страна www.ccbank.mk.