Во насока на доближување до постојните и потенцијално новите клиенти, како и заради побрз и поедноставен пристап до услугите на Банката, Централна кооперативна банка АД Скопје на 28.11.2013 отвори нова експозитура во Скопје. Со новата експозитура деловната мрежа на ЦКБ брoи 23 експозитури на територијата на Република Македонија. Новата експозитура, со високообразувани и стручни лицаќ е овозможи ефикасна и брза услуга за користење на производите и услугите кои ги нуди Банката. Новата експозитура во Скопје се наоѓа на ул. Сава Ковачевиќ бр 43А во Кисела Вода во непосредна близина на бензиската пумпа Макпетрол. Банката и понатаму ќе вложува во унапредувањето на професионалноста и ефикасноста во пласирањето на банкарските производи и услуги со цел да биде чекор поблиску до своите клиенти.