Износ на кредитот
|
До 300 000 ЕУР во денарска противвредност
|
Намена на кредитот
|
Купување на станбен и деловен простор, рефинансирање на станбени кредити или кредити со слична намена, како и доградба и надградба на станбен простор
|
Рок на кредитот
|
До 360 месеци
|
Каматни стапки
|
Kредитобаратели коишто платата ја примаат на сметка во Банката и на кои во рок од 30 дена ќе им бидат одобрени дозволено пречекорување или кредитна картичка
|
Кредитобаратели кои не примаат плата на сметка во Банката
|
Каматни стапки вон промотивните услови:
*** За кредитобаратели кои купуваат станови впишани во имотен лист:
- · 3,20% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите пет години
Дозволени се дополнителни корекции на фиксната каматната стапка и тоа:
- За минус 0,25 п.п.: при рефинансирање на станбени кредити; или при лични нето месечни примања над 30,000 мкд односно семејни над 50,000 мкд,
- За минус 0,25 п.п.: кога понуденото обезбедување е стан во Скопје или доколку истото е во друг град но покрива најмалку 135% од износот на кредитот; или при задолженост во однос на месечен приход помала од 65% со или без вклучени приходи на кокредитобарател;
- За плус 0,20 п.п. доколку кредитобарателот одбере да не ја плати редовната провизија за обработка на кредитот
- За плус 0,20 п.п. доколку кредитобарателот одбере трошокот за нотар да биде на терет на банката (не повеќе од 30 000 мкд). Во случај кредитот да се затвори предвреме во првите четири години, нотарскиот трошок ќе се наплати во целост.
- 5,50% променлива каматна стапка на годишно ниво, за сите погоренаведени случаи, после истек на првиот период. Дозволени се дополнителни намалувања на каматната стапка :
- За 0,30 п.п.: при рефинансирање станбени кредити; при лични нето месечни примања над 30,000 мкд односно семејни над 50,000; при винкулирана полиса за животно осигурување или ризико полиса
- За 0,30 п.п.: кога понуденото обезбедување е стан во Скопје или доколку истото е во друг град и покрива најмалку 135% од износот на кредитот; при задолженост во однос на месечен приход помала од 65% со или без вклучени приходи на кокредитобарател;
*** За кредитобаратели кои купуваат станови впишани во лист за предбелешка, од листа на преддефинирани инвеститори:
- 3,20% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите пет години од кредитот, за кредити кај кои максимум 20,000 ЕУР од вкупниот износ може да бидат обезбедени со залог на недвижност впишана во лист за предбелешка.
|
- 5,50% фиксна каматна стапка за првите 3 години
- 7,00% променлива годишна каматна стапка (шестмесечен ЕУРИБОР 0% + 7,00% фиксен дел)по истекот на третата година.
|
Провизии и надоместоци
|
- 1.700 МКД провизија – при подигнување на Барањето за кредит
- 2.000 МКД надомест за изработка на правно мислење
- Управувачка провизија во износ од 0,40% за првата година, која се наплаќа еднократно при исплата на кредитот
- Можност нотарскиот трошок (но не повеќе од 30.000 МКД) да биде на товар на Банката, при што предвидената фиксна каматна стапка се зголемува за дополнителни 0,20 п.п. Во случај кредитот да се затвори предвремено (без разлика дали со рефинансирање или од сопствени средства) во првите 5 години, Банката ќе го наплати во целост превземениот трошок за нотар
- Без трошоци за проценка во случај кредитот да се одобри
Провизии за предвремена отплата на долгот
- Без провизија за предвремена отплата на долгот со сопствени средства
- 4,5% провизија за предвремено затворање на кредит, при рефинансирање со кредити од други банки - еднократно на остатокот од долгот
Останати трошоци:
- 3000 МКД за промена на амортизациски план по барање на клиентот
- 200 МКД провизија за известување за секој неплатен долг
- трошоци за осигурување
- трошоци за интеркаларна камата
|
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
|
Годишната каматна стапка на вкупни трошоци (СВТ) изнесува 3,55% за кредит во износ од 50 000 ЕУР, со рок на враќање 240 месеци, со фиксна каматна стапка 2,80% за првите 5 години, а потоа 4,00% променлива каматна стапка. Месечниот ануитет за првите пет години изнесува 272,32 ЕУР, а за остатокот од периодот месечниот ануитет изнесува 295,79 ЕУР.
Примерот е даден за кредитобаратели кои ги исполнуваат следните услови:
- Kупупуваат станови впишани во имотен лист,
- Рефинансираат станбени кредити во други банки,
- Кога понуденото обезбедување е стан во Скопје или доколку истото е во друг град но покрива најмалку 135% од износот на кредитот; или при задолженост во однос на месечен приход помала од 60% со или без вклучени приходи на кокредитобарател,
|
Грејс-период
|
Максимален грејс-период e 6 месеци на главнината (грејс-периодот е во рамки на вкупниот рок на кредитот)
|
Обезбедување
|
- Хипотека
- Полиса винкулирана во корист на Банката
- недвижен имот – кој е цел (намена) на кредитот
- друг личен недвижен имот на кредитобарателот
- недвижен имот, сопственост на трето лице
- друго обезбедување – залог на парични средства, жиранти
- комбинација од горенаведените обезбедување
Доколку понуденото обезбедување го покрива во целост со својата проценета вредност, во рамки на кредитот може да се одобрува исплата и на ненаменски дел, до висина од 10% од износот предвиден за купување или рефинансирање на станбен простор.
|
Потребни документи
|
- Барање за станбен кредит
- копија од лична карта на кредитобарателот и на сопругот/сопругата
- копија од лична карта на сопственикот/сопствениците на имотот кој служи како обезбедување на кредитот, во случај кога хипотекарниот имот е сопственост на трети лица
- потврда од работодавачите за редовен работен однос за последните 6 месеци и образец М1/М2 (копија заверена со печат и потпис од одговорно лице во правното лице)
- извод за последните 6 месеци од трансакциска сметка од Банката, за клиенти кои не ја примале платата во ЦКБ
- заверување податоци
- административна забрана на плата со изјава (не е задолжителен документ, но е пожелно да го има)
- Меница со менична изјава
- изјава за поврзани лица (образец)
- изјава за семејна и имотна состојба
- преддоговор за купопродажба
|
Потребна документација за имотот
|
- Правен основ за упис на сопственост за предложениот имот, имотен лист за сопственост не постар од 10 дена
- пазарната проценка на недвижниот имот се изготвува од овластен лиценциран проценител /по избор на Банката
- Осигурителна полиса дека имотот е осигуран во корист на Банката и документ со кој се потврдува дека осигурителните премии се платени
- Имотен лист по укнижување на хипотеката по корист на Банката
- други документи по проценка на Банката
|