Кредит обезбеден со паричен депозит
Максимален износ на кредитот
|
До 4 500 000 МКД или соодветна противвредност во ЕУР или УСД
|
Рок на искористување
|
До 72 месеци, но не подолг од датумот на доспевање на депозитот.
|
Каматни стапки
|
За кредити 100% обезбедени со паричен депозит:
|
За кредити кои се 30% или 50% обезбедени со паричен депозит:
|
- 2,50 процентни поени повисока од каматната стапка на депозитот важечка во моментот на одобрување на кредитот за кредити во МКД;
- 2,00 процентни поени повисока од каматната стапка на депозитот важечка во моментот на одобрување на кредитот за кредити во ЕУР или УСД
|
- За кредити во МКД, ЕУР и УСД пондер пресметан од: каматна стапка на кредитот обезбеден со депозит која е за најмалку 3,00 процентни поени повисока од каматната стапка на депозитот важечка во моментот на одобрување на кредитот и каматна стапка од 8,00% за делот од кредитот кој не е обезбеден со депозит.
|
Провизии и надоместоци
|
- 0,50% но не помалку од 1 000 МКД - провизија за обработка на кредити со рок до и над 36 месеци, обезбедени со 30% или 50% паричен депозит, еднократно врз одобрениот износ;
- 0,50% но не помалку од 1 000 МКД - провизија за обработка на кредити обезбедени со 100% паричен депозит, еднократно врз одобрениот износ;
- 900 МКД провизија за промена на амортизационен план по барање на клиентот;
- 200 МКД провизија за пратено известување / опомена за доспеаност на долгот.
|
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
|
За кредит во износ од 1.000.000 МКД со рок на враќање 60 месеци:
- СВТ изнесува 2,74% при одобрен кредит и камата од 2,50% на кредитот, доколку депозитот е орочен со каматна стапка 0%, при што месечниот ануитет за кредит ќе изнесува 17.747 МКД.
|
Обезбедување
|
За кредити 100% обезбедени со паричен депозит:
- Договор за владетелски залог на депозитот, заверен на нотар
За кредити 30% или 50% обезбедени со паричен депозит:
- Договор за владетелски залог на депозитот, заверен на нотар;
- Еден кредитоспособен жирант за износ на кредит кој е до 100 000 МКД повисок од износот на депозитот;
- Два кредитоспособни жиранти за износ на кредит кој е над 100 000 МКД повисок од износот на депозитот.
|