Почитувани клиенти,
Имајќи ги предвид заложбите на Банката за овозможување поголема достапност до банкарските услуги на Централна кооперативна банка, Банката ги намали надоместоците на платежните услуги за граѓаните и правните субјекти.
Со овие измени Централна кооперативна банка значително го олеснува користењето на платежните сметки и извршување на трансфери на средства, како и стимулирање на користењето на дигиталните канали на Банката.
Намалувањето се однесува на услуги поврзани со секојдневното работење на правните и физичките лица, особено за итните и големи безготовински плаќања преку МИПС системот на Народната банка, како и плаќањата преку дигиталните канали на Банката CCBOnline и CCBMobile.
Централна кооперативна банка и понатаму ќе ги унапредува услугите за своите клиенти, овозможувајќи поефикасно, поевтино и посовремено искуство во банкарското работење, во согласност со европските стандарди и трендови во платежните услуги.
Повеќе детали за намалувањата на надоместоците кои ќе важат од 6 октомври 2025 година се достапни на следниот линк.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје