Почитувани,
Согласно Законот за платежни услуги и платни системи, а во насока на поголема транспарентност и информираност на Корисниците на платежни услуги, Ве известуваме дека Банката подготви годишен Извештај за надоместоците за услугите поврзани со платежните сметки.
Извештајот за надоместоци за 2024 година за Вашите платежни сметки може да го подигнете во една од експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје