Почитувани клиенти, корисници на девизни дознаки,
Ве информираме дека најповолните промотивни услови на пазарот за девизни дознаки во евра спроведени преку TARGET2 продолжуваат до 30.04.2025 година. Односно за сите клиенти кои дозначуваат средства кон банки учесници во TARGET2 со опција SHA/BEN по тарифа со фиксни 250 МКД за дознаки реализирани преку CCB online/mobile или со фиксни 500 МКД реализирани преку Експозитурите на Банката.
Системот TARGET2 е платен систем на Еврозоната и негови членки се сите земји од Европската Унија и Европската економска област (European Economic Area EEA) - како директни учесници. Како индиректни учесници вклучени се бројни други банки од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Кина,Турција, САД и други држави, односно потенцијалот за спроведување плаќања е кон повеќе од 52 илјади банки во светот.
Кои се предности на плаќањата извршени преку системот TARGET2:
Тарифата е најниска во однос на сите банки во Македонија - за извршување на EUR плаќања, само кон учесници на TARGET2,
Во процесот нема коресподентски банки односно се избегнува подолгото време на процесирање,
Плаќањето е брзо – во рок до 5 минути средствата се во банката на корисникот,
Веднаш се спроведува порамнување со банката на корисникот, доколку истата е членка на TARGET2,
Плаќањето е сигурно - се работи за Европски централизиран и постојан платен систем,
Клиентот односно Налогодавачот добива можност за плаќања преку најефтин канал бидејќи нема високи дополнителни трошоци од коресподентни банки врз износот на дознаката,
Примачот добива износ намален за минимални трошоци (3 еур и трошоци од банката на корисникот - доколку такви постојат).