Централна кооперативна банка АД Скопје, поради понатамошен развој и зголемен обем на работа вработува лица на работно место Соработник за сметководство и финансиско известување во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- воведување и верификација на налози за книжење поврзани со трансакции од приливи/одливи на жиро сметка на банката;
- извршување на задачи поврзани со водење, контрола и книжење на влезни документи (фактури, договори..);
- месечни пресметки и сметководствени операции за амортизација на основните средствата на банката;
- пресметка на даноци и поднесување на даночни пресметки во УЈП системите;
- изготвување на излезни фактури и нивно сметководствено евидентирање;
- спроведувањето на книжењата за разликите утврдени со периодичните и годишните пописи на активата и пасивата во книгите на Банката;
- врши секојдневна контрола на сметководствените операции, а по потреба составува корективни сметководствени налози;
- составува сметководствени налози при стекнување, пренос и отпис на основни средства, врз основа на доставени приемници, преносници, записници и одлуки за расход;
- се грижи за хронолошко архивирање на сметководствената документација согласно интерните процедури на Банката;
- изготвува извештаи за потребите на интерни и екстерни корисници од областа на сметководство согласно со МСФИ стандардите;
- извршува и други работни задачи, согласно со работното место.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки (сметководство или ревизија –ќе се сметка за предност )
- Минимум 1 година релевантно работно искуство од областа на финансии;
- Позанавање од областа на сметководствени стандарди и даночна регулатива (ќе се смета за предност)
- Напредно познавање на Excel и работа со компјутери.
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Аналитички способности, искуство во анализа на финансиски извештаи ќе се смета за предност
- Желба за учење и самонадградување;
- Способност за работа под притисок и со утврдени временски рокови;
- Лојалност и одговорност
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работнo местo предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 20.07.2024 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308